Mitsubishi пред 20 години го претстави Evo Makinen Edition

Mitsubishi Lancer Evolution VI Tommi Makinen Special Edition

Mitsubishi Lancer Evolution веќе одамна имаше изградено култ на сцената, кога моделот првпат стана достапен во официјалната мрежа на јапонската марка пред 20 години. Верно на големиот ентузијазам што Британците го негуваат кон мотоспортот, Evo, во меѓувреме во својата шеста генерација, почна да се продава прво на островот. Само уште неколку европски држави ја нудеа оваа екстремна моделска изведба на Lancer.

Тоа што му даваше двојна посебност на Evo беше специјалната серија со името на Томи Макинен, кој четирипати претходно го освојуваше светското првенство во рели. Заслугата за пристигањето на Evo во Европа во голема мерка се должеше на работата на специјалистот Ralliart. Преку него се дистрибуираше првиот контингент од 250 примероци од Mitsubishi Lancer Evolution VI на британскиот пазар. Овие примероци беа дотерани посебно, со дополнителна заштита од корозија, со инструменти во милји на час, со изобилство од безбедносна опрема и цела низа детали, како интегрирана задна магленка. Со цена од 32.995 фунти за специјалната серија Tommi Makinen, што одговара на денешни 49.000 фунти, сите 250 возила се продадоа за пет недели.

Првите пет генерации беа недостапни поради тоа што Mitsubishi не го хомологираше моделот на еропскиот пазар, но неколку измени во британските закони во 1998 година создадоа основа за Evo сепак да пристигне и кај ентузијастите на стариот континент. Тоа повлече уште неколку држави да го вклучат тркачкиот Lancer во својата понуда.

Брзите комбилимузини и лимузини ги уживаа своите најдобри времиња кон крајот на 1990-те години. Ентузијастите преку сив увоз од Јапонија обезбедуваа примерок од култниот Lancer, меѓутоа овие возила не беа покриени официјалната сервисна и продажна мрежа на марката во Европа.

https://photos.app.goo.gl/m6wZbDnWCY7kEmew8

Mitsubishi Lancer Evolution одживеа десет генерации, базирани врз четири различни платформи, со тоа што освен последната, сите генерации го користеа легендарниот мотор 4G63-T на Mitsubishi, со четири цилиндри и турбонатполнење, со моќност од 260 до 400 КС. Посилните верзии беа тјунирани во Ralliart по налог на Mitsubishi Motors. Со седмата генеација од 2001 година се појавија и фамозните верзии FQ.

Погонот на сите тркала со корени во светското рели беше стандард во сите генерации, а погонската спрега се усовршуваше постојано до замената со нова генерација на погонот во 2008 година. Во зависност од верзијата, Evo поседуваше варијабилна распределба на вртежниот момент меѓу задните тркала, како и блокада на предниот и задниот диференцијал и активен средишен диференцијал. Со седмата генерација пристигна S-AWC, кој понатаму беше усовршен во Evo X со контрола на тракција и на стабилност, како и со шестстепен менувач со двојна спојка. Тоа беше суштината на Mitsubishi Lancer Evo, можноста да се искусат врвни возни својства и перформанси, по релативно достапна цена.

Британскиот пазар остана носечки за Mitsubishi Lancer Evolution, кој благодарение на одличната продажба и сензационалните оцени на експерската јавност и еуфоријата на фановите, продолжи да пристига и во следните генерации. Врвот му припадна на Lancer Evolution X FQ-440 MR во 2015 година. Овој модел се изработи во само 40 примероци и се распродадоа за само неколку часови. Со цена од 50.000 фунти, тоа беше најскапиот и најмоќен Lancer Evo од официјалната понуда на Mitsibishi.

Најпосакувана и најпрепознатлива изведба до денес е Mitsubishi Lancer Evolution VI Tommi Makinen, во чест на четвртото освојување на светската титула во рели за Mitsubishi, со легендарниот фински возач. Тоа е воедно и последниот Evolution развиен од одделението за мотоспорт на Mitsubishi, по пример на рели-болидот.

>>> Тест: Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 Intense 2WD

https://www.instagram.com/p/CEPMXx_HxVM/

Претходна објаваEuro NCAP прави удирањето кола во ѕид да биде корисна работа
Следна објаваСтилско комби доаѓа наскоро во гамата на електричниот Porsche Taycan

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here