Mitsubishi L200 е пикап на годината според Auto Express

Само неколку недели пред официјалниот старт на продажбата пристига и првата значајна награда за петтата генерација на Mitsubishi L200. Магазинот Auto Express го прогласи новиот модел за „Пикап на 2015 година“.

Британскиот магазин Auto Express го избра новиот Mitsubishi L200 за „Пикап на 2015 година“. Пазарот во островската земја важи како најголем и најпредизвикувачки пазар за овој тип на возила во цела Европа. Mitsubishi L200 е прв претставник од новата генерација пикапи на Јапонците и претставува клучен модел на марката, со планирана продажба од 200.000 примероци годишно на глобално ниво, на 150 пазари во светот. Според производителот, L200 поставува нови стандарди во моторите и емисијата на СО2, аеродинамиката, лесната конструкција и активната безбедност, а наградата од британскиот магазин им дава силна поткрепа на овие тврдења. Во поглед на комфорот, опремата и впечатокот за квалитет во изработката, пикапот на Mitsubishi го следи нивото што е вообичаено во класата на големите спортски теренци.

Претходна објаваТест: Mitsubishi Electric Vehicle
Следна објаваFerrari Testarossa од Пороците на Мајами оди на наддавање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here