за

Првиот контингент од Mitsubishi L200 за Европа пристигна во Бристол

Mitsubishi L200 Series 6
Mitsubishi L200 Series 6

Во кралското пристаниште Портбури во Бристол пристигна првата бродска испорака од новата генерација на пикапот Mitsubishi L200 за Европа. Во следните недели пристигаат нови испораки. Пикапот, во меѓувреме во шестата генерација, своевремено уживаше голема популарност и на нашиот пазар.

Mitsubishi долго време беше синоним за издржлива и робусна марка во сегментот на теренските возила. Од тој имиџ профитираа и пикапите, кои во основа се работни машини и издржливоста е меѓу главните квалитети што се бараат таму.

Петтата генерација на Mitsubishi L200 стартуваше со продажба на само неколку пазари во Европа во текот на 2015 година, но пак го привлече вниманието на пошироката сцена. Пикапот сега е во нова генерација, со понапредна технологија, побезбеден, поштедлив, и секако, со пониска емисија на штетни материи. Во исто време, новиот L200 нуди и повеќе комфор и потивко возење, како и подинамични возни својства.

Mitsibishi го најавува својот L200 како модел што остава најробусен впечаток во понудата на марката, но и модел што е констуриран да биде меѓу најиздржливите пикапи во растечкиот сегмент.

Неколку сцени со Mitsubishi L200 на инстаграм:

https://www.instagram.com/p/BzgFp41Bdbo/

https://www.instagram.com/p/BzisOhyBswE/

https://www.instagram.com/p/BxfT9qqh-_V/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2000 Mitsubishi Lancer Evo VI Tommi Makkinen Edition (Red)

Ретки јапонски болиди на наддавање во Бирмингем

Берлин забрана стари дизели

Берлин затвори осум улици за сообраќај со стари дизели