Според специјализираното издание за возила со погон на сите тркала на Auto Bild, Mitsubishi го нуди најдобриот пикап на пазарот. Тоа е резултатот од споредбениот тест во последното издание на магазинот.
Пикапот во каросериска изведба со двојна кабина и мотор 2.5 DI-D+ доби позитивни оцени од експертите на магазинот за просторната понуда, моќниот турбодизел со 178 КС и со способниот погон на сите тркала со средишен диференцијал и редукција. Оваа комбинација не ја нуди друг во сегментот освен Mitsubishi L200.
Како што наведува магазинот, „за разлика од конкурентите, со Mitsubishi може безгрижно да се користат предностите на погонот на сите тркала, како држењето правец и ефикасното забрзување дури и при возење по асфалт и при повисоко темпо, избегнувајќи ги недостатоците на другите системи 4х4 што се вклучуваат по барање, како што се ефикасноста на сопирачките, возливоста во свијоци и трајноста на гумите.
Тоа што се издвојува најмногу е противвредноста на јапонскиот пикап класичар. Уште во стандардната опрема L 200 2.5 DI-D+ како автоматска клима, темпомат, блутут, собирање на ретровизори и дополнително затемнети задни стакла. Кај конкуренцијата за тоа мора да се доплати скапо, смета редакцијата на Auto Bild Allrad. На споредбениот тест покрај L 200 се најдоа уште Nissan Navara 2.5 dCi, Ford Ranger 2.2 TDCi, Isuzu D-Max 2.5 TD како и Volkswagen Amarok 2.0 TDI.