за

Lamborghini од четири милиони евра, а покрив не се добива

Lamborghini Veneno Roadster е еден од најексклузивните автомобили на светот. Тој ќе се изработи во серија од девет примероци, кои и покрај цената од 4 милиони евра сигурно ќе најдат купувач.

Родстерот е брат на купе верзијата на Veneno, од која што на светов постојат само три примероци. Сопствениците платија по 3,57 милиони евра за нивниот ексклузивен суперболид. Сега следува отворената верзија, која што е толку ексклузивна што ниту покрив не и е потребен, иако идните сопственици за неа ќе требаат да го олеснат буџетот за 4 милиони евра.

34702_lam_ven_13_roa_2_big

Дизајнот целосно се подложува на аеродинамиката и целиот нос на возилото изгледа како огромен спојлер. Подот исто така е мазен по целата должина и ги спроведува воздушните струи до дифузорот во опашот на возилото. Воздухот што влегува низ големите отвори се користи за одведување на топлината од моторот, а во исто време се користи и за создавање потисок врз задниот спојлер. Бандажите исто така помагаат на аеродинамиката. Прстените од карбон околу бандажите работи како турбина и обезбедува дополнителен воздух за сопирачките од карбон и керамика.

34702_lam_ven_13_roa_3_big

Целото возило се потпира на монокок како во формула 1 кој е изработен од карбон, а од истиот материјал се изработени и сите делови од каросеријата. Обете школкести седишта се изработени од леен композит, во постапка што е ексклузивна за Lamborghini. Сите делови во кокпитот и делови од седиштата се обложени со „карбонска кожа“, односно материјал што е ткаен од карбонски влакна. Резултатот се покажува на вага. Со сува тежина од 1.490 килограми, секоја коњска сила на Veneno мора да носи на грб само 1,99 килограм.

Дванаесетцилиндарецот од 6,5 литри ослободува 750 КС. Тоа е доволно за разјарениот бик да се катапултира за 2,9 секунди до сто и да продолжи да забрзува до 355 километри на час. Моќноста се пренесува на сите тркала преку екстремно брз автоматизиран менувач со пет модуси преку кои возачот може да влијае врз менувањето на степените на пренос.

Иако техничарите се погрижиле да го одземат и последниот грам вишок од секое подрачје во возилото, безбедноста не е запоставена. Воздушните перници се сите на број, исто како и специјално дотерана програма за стабилност. Заради зголемување на пасивната безбедност, зад седиштата е поставен лак за заштита при превртување.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi L 200 е најдобар пикап според Auto Bild Allrad

Кинезите купија уште една автомобилска марка