Електричен Mitsubishi може да испорачува струја при природна непогода

mitsubishi outlander phev pomos nepogodi
mitsubishi outlander phev pomos nepogodi

Mitsubishi склучува договори со општините во Јапонија, за одреден број возила со електричен погон да бидат испорачани во најкус можен рок во случај на природна непогода и нивните батерии да служат како извор на струја.

Mitsubishi започна со потпишување договори со општините во цела Јапонија, при што производителот се задолжува дека ќе го достави одредениот број возила во конкретните општини, во случај на природна непогода на нивната територија. Возилата ќе бидат испорачани колку е можно поскоро и батеријата во нивната погонска спрега ќе служи како извор на електрична енергија. Програмата се води под името Dendo Community Support Program и ќе важи до крајот на 2022 година.

Договорите, во коишто се вклучуваат и трети договорни страни и други партнери, предвидуваат електричните возила на Mitsuibishi – а тоа се познатиот EV или претходно i-MiEV (на шега и ај-мјау) и плагин-хибридниот Outlander PHEV – да се испорачаат во кризното подрачје за најкусо можно време, и освен за транспорт, да се користат и за напојување на електрични уреди на самото место.

Бензинецот во Outlander PHEV може да работи како генератор и да испорачува енергија за потрошувачите на самото место

Outlander PHEV се покажува покорисен во такви случаи, поради погонот на сите тркала, што овозможува пристап и на тежок терен. Уште поважно, бензинскиот мотор во големиот СУВ може да се користи како генератор на струја. Произведената електрична енергија понатаму ќе се предава на потрошувачите. Од тие причини, властите и компаниите во Јапонија веќе со години го користат плагин-хибридниот Outlander при интервенции во погодените подрачја.

Во 2018 година, островската земја беше погодена од серија големи потреси, поплави и други природни катастрофи. Mitsubishi тогаш бесплатно им ги даде на располагање своите Outlander PHEV и EV на погодените општини, преку своите договорни партнери.

Најсветскиот модел на Mitsubishi: Нов L200 стартува во 150 земји

Претходна објаваКанцеларката Меркел во посета на салонот во Франкфурт
Следна објаваДодека е во тек ИАА: Топ 50 најпродавани модели во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here