Канцеларката Меркел во посета на салонот во Франкфурт

Angela Merkel frankfurt 2019
Angela Merkel frankfurt 2019

Задолжителна точка во протоколот на германската канцеларка е да го почести отворањето на салонот на автомобили во Франкфурт со своето ценето присуство. Ангела Меркел посебно се задржа на штандовите на Volkswagen, Ford и Opel. Канцеларката разговараше со шефот на Volkswagen, др. Хеберт Дис, околу новата насока на концернот кон електромобилноста и темелно го разгледа ID.3.

Во разговорот со Гунар Херман, првиот човек во фабриката на Ford во Келн, исто така стана збор за стратегијата на електрификација. Новата Kuga е првиот модел на Ford што ќе се нуди во продажба со три различни изведби на хибриден погон.

Кај Opel, канцеларката Меркел се сретна со шефот на марката Михаел Лошелер, кој исто така претстави три модели со електрифицирана погонска спрега: Corsa-e, Grandland X 4Hybrid и електричното рели возило Corsa-e Rally, коешто е конструирано за сопствениот тркачки куп.

И уште неколку познати личности на салонот:

https://www.instagram.com/p/B2UKr4vAMcR/

https://www.instagram.com/p/B2RHQtoAdc-/

https://www.instagram.com/p/B2UabVsATFz/

Претходна објаваWey ѕвезда во Франкфурт: Сега Кина ќе ѝ продава автомобили на Европа?
Следна објаваЕлектричен Mitsubishi може да испорачува струја при природна непогода

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here