за

Mitsubishi најавува нов кросовер за салонот во Женева

Трет кросовер ќе се придружи во понудата на Mitsubishi, покрај ASX и Outlander. Дизајнот на моделот потсеќа на концептниот XR PHEV II од салонот во Женева пред две години, во погонот може да се случат многу изненадувања.

Mitsubishi ја проширува понудата од кросовери со трет модел, којшто ќе им се придружи на компактниот ASX и големиот Outlander. Светската премиера на уште неименуваниот „Compact-SUV“ ќе се случи во почетокот на март, на салонот во Женева. Од новиот модел засега во јавноста постои само фотографија којашто половично ја прикажува страничната силуета на каросеријата, но доволно да се распознаат повеќе детали што потсеќаат на студијата XR PHEV II од салонот во Женева пред две години.

Силуетата на новиот кросовер ги презема формите од концептот XR PHEV II

Mitsubishi XR PHEV II Concept 00007

Формата на купе-кросовер со силно закосен заден столб најавува динамичен автомобил, со силно контурирани страници и крила, со впечатливи задни светла во стил на концептниот XR и со преден дел според актуелниот дизајн на Mitsubishi. Јапонците го најавуваат идниот кросовер како зачетник на нова генерација модели коишто ќе ја водат марката во нов правец.

Изведба со плагин-хибриден погон е сосема извесна за серискиот XR

Концептниот XR PHEV II поседува 1,1-литарски бензинец со турбонатполнење и директно впрскување, во комбинација со лесен и компактен електромотор и батерија со висок капацитет, којашто овозможува поголем досег на погонот на струја. Замислен како урбан кросовер, XR користи погон само на предните тркала, со тоа што погонската спрега во зависност од условите на возење работи во електричен модус и како сериски или паралелен хибрид, со можност возачот да избере моторот да работи постојано како генератор и да произведува струја за електромоторот.

Mitsubishi XR PHEV II Concept 00002

Низа нови модели чекаат на лансирната рампа. Лани во Париз беше прикажан концептот GT PHEV од когошто може да произлезе кросовер над сегашниот Outlander, а претходно на салонот во Женева имаше премиера и Concept eX со електричен погон. Неодамна се пројавија и гласини дека Mitsubishi може да ја продолжи традицијата на Evo со модел на база на новите генерации кросовери. Можеби токму новиот модел од Женева ќе послужи како основа за новиот Evo.

[FAG id=27152]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

теренци продажба lexus nx

Тест: Lexus NX 300h Luxury

Ерата кога светот го зафати лудило по погонот на сите тркала