Продажбата на Mitsubishi во Британија во првите седум месеци порасна за преку 40 проценти. Најголема заслуга за тоа имаат новите модели Space Star и Outlander
На британскиот пазар не постои марка со поголем раст во продажбата од Mitsubishi во првите седум месеци од годинава. Јапонската марка порасна за 40 проценти, со тенденција за натамошен раст, имајќи во предвид дека само во јули е забележан плус од 45 проценти.
Пазарното воведување на новите модели Space Star, односно Mirage како што градскиот автомобил се нарекува на локалниот пазар, и спортскиот теренец Outlander. Дополнителен поттик за продажбата на Space Star е ослободувањето од плаќање патарина, поради тоа што емисијата на СО2 е под 100 грами на километар. Трет модел што ги празни салоните на Mitsubishi е пикапот L200, чија што продажба во изминатиот период се зголеми за 22 проценти во однос на лани.