за

Уникатен Porsche 911 за петте милиони фанови на Фејсбук

Спортската марка од Цуфенхаузен ги прослави петте милиони фанови на Фејсбук со специјален модел креиран од љубителите на марката. Сега следува наградна игра за тест возење на уникатниот модел.

До 18-ти август, на facebook.com/porsche ќе трае наградната игра во која најсреќните посетители на профилот на Porsche ќе се надеваат на тест возење со уникатниот 911 Carrera 4S на патеката во Силверстоун или на едно од деветте моделчиња што ќе бидат изработени во размер 1:43.

Во јубилејната година „50 години 911“ повеќе од 54.000 корисници на Фејсбук конфугирураа верзија на Porsche 911 според нивните желби. Возилото е лакирано во специјална сина боја од ексклузивната програма на Porsche и оди во комбинација со бандажи Carrera S од 20 инчи. Каросеријата е дотерана со посебен кит за аеродинамика, кој се состои од посебен преден браник со дополнителен испуст долу и заден капак со фиксен спојлер. Посебната пригода за уникатниот модел се препознава по натписот „5M Porsche Fans“ и посебните прагови со натпис „Personally built by 5 Million Porsche Fans“. Во иднина сите љубители на марката ќе можат да направат тест возење на Силверстоун.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi е најбрзо растечка марка во Британија

Студија на Bosch: Популарноста на дизелот во светски рамки