MINI наврши 55 години: Малечкиот автомобил со голема историја

Секоја година во август се одржува традиционалниот меѓународен собир на сопственци и ентузијасти на Mini. На собирот се појавуваат примероци од сите генерации, но и оригинални креации.

Кога првиот Miniстартуваше со продажба на 18-ти август 1959, малкумина од луѓето што беа вклучени во проектот можеа да замислат дека концептот на револуционерен малечок автомобил ќе прерасне во една од највозбудливите приказни во автомобилската бранша, којашто трае веќе пет и пол децении. Пред 55 години, на публиката ѝ беа претставенидва модела што се разликуваа само во маската, раткапните и во бојата на каросеријата. Тоа беа Morris Mini Minor и Austin Seven. Концептот на дизајнерот Алек Исигонис беше подеднакво едноставен и генијален: Малечка каросерија со просторна кабина, четири седишта, одлични возни својства, ниска потрошувачка на гориво и разумна цена. Оваа брилијантна идеја не изгуби од првичната привлечност ниту во новиот милениум.

Марката стартуваше повторно во 2001 година со непроменети принципи. Погодениот концепт наиде на огромна популарност во неколку различни форми и успешно се надоврза на култот на оригиналот од крајот на 1950-те години. Оттогаш Mini ги спојува класичните вредности на првите генерации на модели со барањата на купувачите за модерен автомобил. Мал е бројот на концепти што останале во живот толку долго време и коишто наидуваат на растечна популарност. Исто така, не постои друг концепт што претрпел толку модификации како што е случајот со Mini.

Денешната понуда на модели се состои од класичната комбилимузина со три врати, комбито Mini Clubman, кабриолетот, Mini Coupe и Mini Roadster, па се до кросоверот Countryman и купето на негова основа Paceman. Пролетоска британската марка ја претстави новата генерација на Mini, со комплетно нови мотори развиени од BMW. Во понудата со новата генерација повторно се приклучува нова каросериска изведба – за прв пат Mini се нуди во комбилимузинска верзија со пет врати.

Во првиот викенд од август, членовите на заедницата на класичниот Mini и на новиот Mini се собраа во Кент да ја одбележат 55-годишнината на најпопуларниот малечок автомобил од Британија. На собирот се појавија примероци од првата серија од 1960-та година, неколку ексклузивни примероци од специјалната серија од 1984 година, изработена по повод 25-годишнината на марката, и секако, примероци од последната серија од класичниот Miniпроизведени во 2000-та година.

Почесни гости на јубилејот беа Педи Хопкирк, којшто ја постигна првата победа за Mini на релито Монте Карло во Mini Cooper S пред 50 години и Рас Свифт, којшто изведуваше каскадерски спектакли и трикови со Mini. Првата меѓународна средба на сопственици и љубители на Mini се одржа во 1978 година во Германија. Оттогаш постојано се зголемуваше бројот на учесници и интересот за собирот, така што организаторите решија да му дадат меѓународен карактер. Меѓународниот собир на Mini се одржува секоја година во различна држава, но на секои пет години се враќа во Велика Британија, за одбележување на јубилејот на Mini во август.

Сите фотографии од собирот во оваа година можете да ги погледнете на нашата страница на facebook.

 

Претходна објаваМотори во порција од по половина литар
Следна објаваРусија ќе го забрани увозот на автомобили од Западот?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here