за

Mini ќе се произведува и во Индија

Поради големиот интерес за возила од марката Mini, Британците наскоро почнуваат со производство на нивните модели во Индија

За прв пат по повторното лансирање на марката во 2001 година се отвора фабрика за зголемување на продукцијата со фабрика што е надвор од Европа. Веќе кон крајот на годината ќе почнат да излегуваат првите модели од фабриката на BMW во Индија. Производството ,секако, ќе ги почитува високите стандарди на групацијата BMW.

Поставувањето на монтажна линија во Индија следува по само една година од стартот на продажбата на марката Mini во азиската земја. Со тоа ќе се задоволи огромниот раст на побарувачката на моделите на Mini на индискиот пазар. Првите модели што ќе стартуваат со производство на новата локација се Cooper D Countryman и One Countryman.

BMW ги почна активностите на потконтинентот во 2007 година, со воспоставувањето на сопствена дистрибутивна мрежа. На почетокот на 2012 година Mini ги отвори првите пет ексклузивни салони за марката во Делхи, Мумбаи, Хајдарабад и Бангалор. Со тоа, Индија стана 100-та земја во глобалната мрежа на Mini.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпродаваните возила во Европа во март

Honda веќе прима нарачки за новиот NSX