Renault Clio, Peugeot 208 и серијата 3 на BMW се единствени меѓу десетте најпродавани модели кои забележаа раст во продажбата во март.
Најголем раст во продажбата забележа Peugeot 208, главно поради воведувањето на новите моделски изведби во понудата, што резултираше со 28.073 продадени возила во март. За споредба, во истиот месец лани се продадоа само 4.062 примероци од моделот на Peugeot. Кај серијата 3 на BMW, плусот од 30,9 проценти произлегува од одличната продажба на моделот во Белгија, Германија, Италија и Шпанија.
Иако Volkswagen Golf и натаму е најпопуларно возило во Европа, продажбата на компактот продолжува да опаѓа. На второто место е Ford Fiesta, која воедно е и најпродаван модел во Велика Британија. Градскиот автомобил на Ford неодамна доби моделско освежување, вклучувајќи нов еднолитарски бензинец со намалена потрошувачка и емисија на штетни гасови. Популарниот Volkswagen Polo падна на седмото место, со продажба намалена за 23,6 проценти.
Надвор од десетте најпродавани, Toyota Auris е во силен напад на водечките модели, со раст во продажбата од 26,5 проценти во март. Новите или освежени модели како Kia Ceed, класата А на Mercedes, Opel Mokka, Ford B-Max и Volvo V40 го задржуваат позитивниот тренд.
Марка и модел | Продадени примероци во март 2013 | Промена во споредба со март 2012 |
Volkswagen Golf | 48.935 | -7,8% |
Ford Fiesta | 41.686 | -13,1% |
Opel Corsa | 33.579 | -13,9% |
Renault Clio | 31.623 | +9,2% |
Nissan Qashqai | 29.116 | -4,4% |
Ford Focus | 28.966 | -11,9 |
Volkswagen Polo | 28.379 | -23,6 |
Peugeot 208 | 28.073 | – |
Opel Astra | 22.598 | -26,5% |
BMW Серија 3 | 21.263 | +16,4% |