Easy Grip е името на новите синџири што место метални алки користат специјална мрежа од композитна пластика и галванизирани метални прстени. Лесно се поставуваат и овозможуваат добра контрола над возилото во зимски услови.
Освен мошне едноставното поставување, новите синџири за снег на MICHELIN се одликуваат и со висока безбедност при возење по снег и мраз. Добриот контакт со подлогата овозможува одлични возни својства во свијоци и при сопирње на пат покриен со снег или мраз. Клубот ADAC веќе даде одлични оцени за синџирите по обемното тестирање. Со рефлекторот во средината на тркалата, автомобилот е добро воочлив ноќе.
Easy Grip може да се користат кај возила со преден и со заден погон. Поради еластичноста, синџирот се навлекува едноставно врз тркалото. Друга предност е тоа што тие одземаат малку простор, па може да се користат и кај спортски и тјунирани возила со спуштено подвозје. Откако ќе се постави, синџирот тесно се прилепува на гумата, со што се исклучува опасноста делови од синџирот да удираат по возилото. Композитната пластика создава помалку бучност отколку кај обичните синџири. Покрај тоа, сите метални делови налегнуваат врз газечката површина на гумата. На тој начин помалку се оштетуваат бандажите, односно синџирите може да се користат и на тркала со алуминиумски бандажи.