за

Volkswagen нуди возење во Поларниот Круг за 2.800 евра

Љубителите на зимското возење во екстремни услови имаат единствена можност да ги почувствуваат предизвиците возење во Поларниот Круг. Задоволството сепак не е евтино.

Производителите често пати нудат специјални програми кои што имаат цел да ја зацврстат врската со нивните клиенти. Во периодот од 7-ми до 10-ти февруари 2014 година, Volkswagen носи на тридневна возачка авантура по замрзнатите шведски езера во Поларниот Круг. Професионални возачи ги учат посетителите како да се однесуваат правилно во екстремни услови на возење на снег и мраз. За „Авантурата на мраз во Шведска“ се вози најбрзиот сериски Golf во историјата на Volkswagen, новиот Golf R со 300 КС.

Во цената од 2.790 евра се вклучени три ноќевања во хотел со четири ѕвездички, оброци на тест патеката и самиот возачки тренинг, а на тоа треба да се додадат уште трошоците за патување. До аеродромот во Арвидсјаур се лета преку Стокхолм. Покрај возачкиот тренинг, посетителите можат да уживаат и во тури со санки влечени од кучиња, како и моторни санки, сафари тури и летање со хеликоптер над Поларниот Круг.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Volkswagen Passat пристигнува в година

Michelin произведе синџири за снег од композитна пластика