Mercedes на салонот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (од 5-ти до 8-ми јануари) ќе ја докажува својата лидерска позиција и во поглед на мобилноста во иднината. Марката со сребрената ѕвезда им се посветува на четирите главни столба на својата стратегија CASE: Конективност, автономна технологија, јавни возни паркови и електричен погон. Концептот EQ којшто е најава за идниот електричен кросовер за првпат ќе се појави на заедничка бина со футуристичкиот Vision Van.
Според Ола Келениус, новиот шеф за развој во Mercedes, „поимот за мобилноста во следните пет до десет години ќе претрпи поголеми промени отколку во изминатите 50 години“. Автомобилите во иднина мора да бидат поврзани во мрежа, да возат автономно и без штетни материи во издувот, како и да стојат на располагање за заедничко користење.
Новитетот за публиката во Лас Вегас е визијата „Fit&Healthy“, со којашто Mercedes ги спојува зголемената свест за здравјето и идната мобилност. На штандот со површина од 600 метри квадратни ќе бидат обработени и темите на вештачката интелигенција, иновативните решенија за поврзувањето на возилата во мрежа со домот, како и услугата Mercedes me. Штутгарт ја најавува и иновативната услуга „smart ready to share“ за култното градско мини smart.
https://automedia.mk/objavi/25450
Посетителите на саемот за електроника ќе имаат можност да разговараат во живо со експертите на Mercedes, предводени од Гај Кавасаки. Разговорите ќе се одржуваат на 5-ти и 6-ти јануари и ќе се пренесуваат во живо на www.facebook.com/MercedesBenz и на www.mercedes-benz.com/livestream. Корисниците на интернет ќе можат да постават прашања до експертите неколку денови пред отворањето на саемот.
















