Mercedes со зајадлива честитка за стотиот роденден на BMW

Музејот на Mercedes му испрати честитка на BMW за стотиот роденден и ги покани вработените во баварската марка бесплатно да го посетат музејот. За нив е посебно подготвен специјалитетот „кисели бубрези“.

Меѓу марките Mercedes и BMW се одвива една од најжестоките конкурентски битка на автомобилскиот пазар. Затоа, на прв поглед се чини необично тоа што од музејот на Mercedes испратија честитка со срдечни поздрави до „светски признатото претпријатие“ по повод стотиот роденден на BMW. Заедно со честитката е испратена покана за вработените во BMW бесплатно да го посетат музејот на Mercedes, во периодот од 8-ми до 13-ти март, токму во времето кога Баварците го прославуваат големиот јубилеј. Во поканата уште се наведува и дека „тие што ќе допатуваат со BMW, можат да го паркираат автомобилот бесплатно и на видно место на ридот директно пред влезот во музејот на Mercedes“. На првите педесетмина ќе им биде послужен избран швабски специјалитет „кисели бубрези“, соодветно на маската на BMW, којашто поради нивната форма познавачите ја нарекуваат токму „бубрези“.

mercedes muzej 13636Зајадливата покана со тоа уште го нема достигнато врвот. Текстот во поканата продолжува: „Пред 100 години, во Минхен, на 7-ми март 1916 година е основана Баварската фабрика за мотори (Bayerischen Motorenwerke или кусо BMW). Триесет години пред тоа, во 1886 година, Карл Бенц и Готлиб Дајмлер го измислија автомобилот независно еден од друг. Десет години подоцна, со спојувањето на претпријатијата Benz & Cie. и Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG) настана тогашниот Daimler-Benz AG со новата марка Mercedes-Benz“. Поради тоа, Mercedes ги поканува сите вработени во BMW AG, „да ја искусат целата историја на автомобилот во музејот на Mercedes-Benz.“ Тоа е врвот!

На сето тоа пристигна и соодветен одговор од Минхен. Во одговорот стои дека јубилејот на фирмата се води под мотото „Следните 100 години“ и дека во марката „сите погледи се насочени натаму“. За возврат, минхенската марка ги поканува вработените во Mercedes да го посетат фестивалот на BMW во септември, со порака „се радуваме и на следните 100 години освежувачка конкуренција во премиум сегментот“. Конкурентската битка очигледно не губи на жестокост.

Претходна објаваAlfa Romeo ја прикажа обичната верзија на Giulia
Следна објаваLamborghini Centenario чини 1,75 милион евра и веќе е распродаден

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here