Mercedes X-Class пристига кон крајот на следната година

Светот го доби и првиот пикап од премиум марка. Mercedes ја пополнува последната празнина во моделската понуда со пикапот X-Class, чијашто продажба ќе стартува кон крајот на 2017 година. За првиот премиум пикап, Mercedes доби „мала“ помош од партнерот Renault Nissan.

Во шведскиот Столхолм доживеа премиера првиот пикап од премиум марка. Mercedes засега го прикажува X-Class како концептно возило, но од крајот на 2017 година, тој ќе биде и повеќе од реалност, со стартот на производството во фабриката на Nissan во Барселона, од каде што ќе се снабдуваат европскиот, австралискиот и јужноамериканскиот пазар, а од 2018 година и латиноамериканскиот пазар, со продукцијата во фабриката на Renault во Кордоба, Аргентина.

mercedes x-class concept 1

За да покаже дека добро владее со концептот на пикапите, Mercedes истовремено претстави две варијанти на X-Class. Едната е наречена „напреден авантурист“ и укажува на издржливоста, практичноста и теренските способности на класичниот пикап, додека втората се води како „стилски истражувач“ и ги истакнува стилските обележја на Mercedes, заедно со традиционалните вредности, како безбедност, возни својства и комфор.

Главни пазари се Аргентина, Бразил, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и Европа

Со својот прв пикап, Mercedes гледа во глобални рамки. Пазарот на камионетите не само што расте, туку и драстично се менува. Тоа што порано беше само работно возило, денес сé почесто се избира како приватно и семејно возило. На тоа укажува и фактот што повеќето од продадените пикапи во светот се во варијанта со двојна кабина и со високо ниво на опрема.

mercedes x-class concept 2

X-Class во основата (и секаде наоколу) е Nissan Navara. Пикапот со трикраката ѕвезда не можеше да има подобар старт од тоа, имајќи во предвид дека Јапонците се втора водечка сила во светот на пазарот на пикапи со средна големина и зад себе имаат над 80-годишно искуство во овој сегмент. „Мерцедесизацијата“ на Navara ќе се изврши со компоненти за ентериерот преземени од C-Class и V-Class, меѓу другото вклучувајќи ги и седиштата и мултимедиските системи, како и со богата понуда од можности за внесување личен печат во стилот, како и понуда од прибор.

Полна „спрема“ за теренско возење и во екстремни услови

Топ-моделот ќе располага со дизел V6 во комбинација со постојан погон на сите тркала 4Matic, со електронска контрола на тракција, редуктор и блокада на средниот и задниот диференцијал. Љубителите на теренското возење на тоа веќе почнуваат да искажуваат симпатии кон идниот X-Class. Да не биде сé напразно, Navara се потпира на носечка рамка. Назад работи оска со пет водилки и спурални пружини. Останатото е „фино дотерување“ од инженерите на Mercedes, што се однесува на ускладувањето на пружините и амортизерите, на прецизноста на управувањето, на возниот комфор и на динамиката во свијоци.

mercedes x-class concept 9

Пикапот на Mercedes ќе има носивост над 1,1 тон и на куката ќе може да влече до 3,5 тони, што значи носење четири кубици дрво за огрев или влечење едреник до море. Германците имаат во предвид пет групи купувачи за својот нов пикап: Активни семејства, пасионирани авантуристи, индивидуалисти што ги следат трендовите, фирми, ранчери.

Секое осмо новорегистрирано возило во Австралија е пикап со средна носивост

Најмногу „еднотонски“ пикапи во светот се возат во Австралија, кадешто 14,1 проценти од новорегистрираните возила се пикапи, а потоа следи Аргентина со 11,6 проценти. Тоа значи дека секое осмо ново возило во овие земји е пикап. Уделот во Бразил изнесува пет проценти, во Велика Британија 1,3 процент, Турција 1,4 процент, Русија 0,8 процент, Германија 0,5 процент.

Продажбата на европскиот пазар стартува кон крајот на 2017 година. Цената на пикапот на Mercedes ќе биде поблиску до големоволуменската, отколку до премиум понудата, што е главната причина за изборот на постоечки пикап како основа за X-Class.

[FAG id=25977]

Претходна објаваЦело американско село живее во рели – во рекламата за Audi
Следна објаваMercedes-AMG E 63 4Matic+: Овој E-Class е тешко да се победи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here