Mercedes потпиша договор за литиум вреден 1.5 милијарда евра

Mercedes-Benz потпиша договор за снабдување со канадско-германската компанија Rock Tech Lithium, којшто предвидува годишна испорака на 10.000 тони литиум хидроксид, со квалитет за вградување во батерии.

Договорот му овозможува на производителот на автомобили да ги снабдува со суровини своите партнери за производство на батерии. Реализацијата почнува во 2026 година, вклучувајќи и подготвителен период, со цел значително да се зголеми производството на целосно електрични автомобили.

Вреден 1,5 милијарда евра, договорот се склучува откако двете групации пред кусо време објавија дека истражуваат можности за воспоставување стратешко партнерство. Со овој договор се обезбедува доволно литиум хидроксид за годишно да се произведуваат по 150.000 електрични автомобили.

„Оваа значајна количина литиум што ни се испорачува директно од Rock Tech, ќе овозможи Mercedes-Benz да го зголеми степенот на локализација на производство на батериски ќелии со најнапредна технологија во Европа“, изјави Маркус Шефер, директор за равој во Mercedes-Benz.

Како дел од договорот, Rock Tech Lithium планира да ги снабдува партнерите на Mercedes од конвертер за литиум што ќе се гради во близина на градот Губен, во германската сојузна покраина Бранденбург. Доколку пазарот се развива соодветно, Mercedes-Benz планира од следната деценија да произведува само електрични автомобили, за главните пазари за марката ширум светот.

Mercedes, Stellantis, Total, ќе градат три фабрики за батерии

Претходна објаваШпанија со европски фондови поттикнува производство на електрични автомобили
Следна објаваХоландија: Нов стартап нуди месечна претплата за автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here