Mercedes, Stellantis, Total, ќе градат три фабрики за батерии

Фабриката на АЦЦ во Франција: Европската индустрија за батерии бара да се донесат прописи за локална содржина.

Компанијата за батериски ќелии за автомобили, Automotive Cells Company (ACC), избра компанијата Comau од Торино да ги проектира и развие производствените линии за батериски модули, за фабриката што се гради во францускиот град Дуврeн.

ACC, заедничка инвестиција на Stellantis, Mercedes-Benz и TotalEnergies, планира проект вреден над 7 милијарди евра, за изградба на три гигафабрики во Франција, Германија и Италија. Капацитетот на секоја фабрика одделно ќе изнесува по 40 GWh. Проектираниот капацитет се планира да биде постигнат до 2030 година. Целта е да се подржи растечката продукција на електрични возила.

Со договорот се предвидува, Comau, огранок на Stellantis што е специјализиран за роботика, да му испорачува на ACC експертиза и опрема што е потребна за автоматизација на производството на батерии за електрични возила. Планот е да се произведуваат модули и со 8 и со 16 ќелии.

Петте производствени линии што ќе ги проектира Comau, ќе овозможат француската гигафабрика на ACC да произведува до 8 GWh на годишно ниво до завршетокот на 2024 година. Со договорот се гарантира користење локална технологија, помошна опрема и компоненти.

Volkswagen Group вложува 10 млрд. € за Шпанија да стане центар на електромобилноста

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваVolvo EX90 EV ќе биде подвижна електроцентрала
Следна објаваBMW продаде двојно повеќе електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here