Шефот на Volkswagen Group, Херберт Дис, најави дека по добивањето согласност за средствата од програмата Perte, во Шпанија ќе мобилизира 10 милијарди евра, заедно со партнерите на програмата Future: Fast Forward.
Херберт Дис, претседател на управниот одбор на концернот Volkswagen, заедно со Педро Санчез, премиер на Шпанија, Шимо Пуч, премиер на регионот Валенсија, Вејн Грифитс, претседател на Seat S.A. и Томас Шмал, член на претседателството на Volkswagen AG за техника и претседател на надзорниот одбор, во индустриската зона Парк Сагунт 2, ја најавија најголемата индустриска инвестиција во Шпанија.
Со десетте милијарди евра ќе се гради фабрика за батерии во Сагунто, ќе се произведуваат електрични возила во Марторел и Памплона, и воедно ќе се создаде широк екосистем од добавувачи.
Во индустриската зона Парк Сагунт 2 ќе се гради првата гигафабрика за батериски ќелии на концернот Volkswagen. Фабриката е клучен дел од програмата Future: Fast Forward. Вкупно 62 национални и интернационални компании што учествуваат во програмата, се пријавија за „Стратешкиот проект за економско зајакнување и трансформација“, за електрични и вмрежени возила Perte Vec.
Гигафабриката годишно ќе произведува батерии со вкупен капацитет од 40 GWh, со што ќе се покрива целата продукција од возила во Марторел и Памплона. До 2030 година, компанијата ќе вработи повеќе од 3.000 лица. Фабричкиот двор покрива 200 хектари. Изградбата стартува во првиот квартал во 2023, пуштањето во работа се очекува во 2026 година.
¡Tanto @VWGroup como SEAT S.A. estamos planeando movilizar 10 mil millones de euros para electrificar España junto con nuestros socios! pic.twitter.com/uQIhl4HKKd
— Herbert Diess (@Herbert_Diess) May 5, 2022
Следно се чека одобрение за добивање на средствата од програмата Perte. Volkswagen ќе вложи три милијарди евра во фабриката, меѓутоа средствата од Perte се клучни за да се реализираат амбициозните цели. Шпанија треба да прерасне во европски центар за електричните автомобили.
Сагунто е трета од вкупно планирани шест фабрики за батерии на концернот во Европа
Фабриката ќе користи исклучиво енергија од обновливи извори. Со компанијата за енергетика Iberdrola е потпишан договор за поставување фотоволтаичка централа во Сагунто. Соларната централа ќе покрива 250 хектари, на помалку од 10 km оддалеченост од фабриката. Во првата фаза, од централата ќе се покриваат 20% од потрошувачката на фабриката.