за

BMW продаде двојно повеќе електрични автомобили

На BMW одлично му врви продажбата во ерата на електромобилноста. Заедно со Mini, групацијата двојно ја зголеми продажбата на чисто електрични автомобили.

Групацијата BMW до септември продала вкупно 128.196 целосно електрични автомобили од марките BMW и MINI. Тоа е повеќе од двојно зголемување на продажбата во споредба со истиот период лани (+114,8%). Силната посветеност на Баварците во електричните автомобили им донесе голем раст.

Откако бројот на испорачани возила беше во пад во првото полугодие, поради тесното грло во снабдувањето со полупроводници и поради војната во Украина, испораките на групацијата BMW во третиот квартал се вратија на нивото од лани. Во последното тромесечје, BMW продаде 587.795 возила, што е за 0,9% послабо од истиот период во 2021 година. Вкупно во првите девет месеци, групацијата има продадено 1.747.889 возила од марките BMW, MINI и Rolls-Royce. Во септември, BMW Group дури и успеа да ги зголеми испораките на 210.543 возила (+6,6%).

Менаџментот останува на претходните предвидувања, дека BMW Group годинава ќе ја заврши со незначително намалена продажба во споредба со лани.

Од јануари до септември, BMW Group продаде 128.196 целосно електрични модели од марките BMW и MINI (+114,8%). Само во третиот квартал се испорачани 52.306 возила што користат единствено електричен погон, од марките BMW и MINI (+121,6%).

Главен двигател во продажбата, покрај BMW iX3, и натаму се иновациските носители BMW i4 и BMW iX, за коишто постои голема побарувачка. Дополнителен раст носат двата најнови модели на струја од марката BMW, крстосувачот BMW i7 и компактниот BMW iX1. Во Кина, пак, посебно е барана електричната варијанта на серијата 3 со продолжена каросерија.

Спортското и премиум MINI Cooper SE ја задржува улогата на еден од најважните носители на продажбата на целосно електрични модели на групацијата. Големи се изгледите дека продажбата на 100% автомобили на струја годинава ќе биде двојно повисока во споредба со лани.

За 2023 година се најавува BMW i5, како и целосно електричен Rolls-Royce Spectre, чијашто премиера ќе се случи веќе во текот на октомври. Планот е до завршетокот на 2025 година, групацијата да го продаде својот двомилионски целосно електричен автомобил.

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes, Stellantis, Total, ќе градат три фабрики за батерии

Jaguar Land Rover обучува за електричен погон 29.000 вработени