Jaguar Land Rover обучува за електричен погон 29.000 вработени

Jaguar Land Rover започнува глобална обука на својот персонал, со цел во следните три години 29.000 вработени да стекнат експертиза во подрачјата на електромобилноста, автономното возење и онлајн-услуги на мобилност.

Повеќе од 10.000 вработени во Jaguar Land Rover и во овластената продажно сервисна мрежа во Велика Британија и близу 19.000 лица во светската мрежа на компанијата ќе стекнат професионални познавања и искуства во електричниот погон, дигитализацијата и автономното возење.

Според Барбара Бергмајер, извршна директорка за индустриски операции во Jaguar Land Rover, „клучно е создавањето стручна работна сила ширум светот, што ќе се грижи за конструирање, производство и одржување на возилата во иднина.“

Британската компанија продолжува да се движи кон целта, до завршетокот на десетлетието да понуди чисто електрична изведба од секоја моделска серија од марките Jaguar и Land Rover.

Во моментов околу 80 проценти од близу 1.300 овластени застапници на Jaguar Land Rover ширум светот нудат сервисирање на електрични возила. Планот е главнината од сервисните техничари да стекнат обука за работа со електричен погон уште во текот на годинава

Покрај сервисерите, Jaguar Land Rover ќе изврши обука и на високо образуваните автомобилски инженери и менаџери во производството, коишто досега работеле во развој на возила со мотор со внатрешно согорување. Нивните нови специјализации ќе бидат во подрачјата на електрификација, дигитализација и автономно возење.

За идните генерации да стекнат соодветни познавања, компанијата ја проширува и својата глобална приправничка програма, со вклучување на дополнителни 1.200 приправници во Jaguar Land Rover и во светската мрежа од застапници.

Jaguar прв меѓу премиум-марките преоѓа на 5-годишна гаранција

Претходна објаваBMW продаде двојно повеќе електрични автомобили
Следна објаваOpel ќе снима нови реклами, ја смени агенцијата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here