за

Jaguar прв меѓу премиум-марките преоѓа на 5-годишна гаранција

Секој нов модел на Jaguar што е продаден по 1-ви јули, доаѓа со екстра две години гаранција, наспроти повеќето производители во премиум-сегментот што нудат најмногу три години.

Jaguar воведува нова, петгодишна гаранција за сите возила од својата програма, вклучувајќи ги целосно електричниот модел Jaguar I-PACE и сите делумно хибридни и плаг-ин хибридни електрични возила.

Со овој чекор, Jaguar е првата компанија за луксузни возила што го продолжува својот гарантен период над стандардниот период од три години за оваа бранша. Во период од пет години, или за изминати 150.000 km, зависно од условот што прв ќе се исполни, Jaguar ќе поправа или заменува дефекти од производството во согласност со регулативите од гаранцијата во материјал или работна рака, целосно бесплатно.

Понуда на производ со врвен луксуз и искуството на клиентот се во сржта на стратегијата Reimagine на Jaguar. Воведувањето на 5-годишна гаранција на сите нови возила на Jaguar претставува важен чекор кон совршенство во искуство со сервисот, што на клиентите на Jaguar им обезбедува поголемо спокојство додека го поседуваат возилото.

Сеопфатната гаранција на Jaguar значи пет години на слобода и гаранција за сопствениците на возилата, возните паркови и приватните корисници и нуди транспарентност во сервисирањето и трошоците за одржување.

Jaguar очекува новата петгодишна гаранција да има позитивно влијание врз остаточната вредност на секое возило во гамата. Ова се добри вести за клиентите бидејќи стабилните остаточни вредности на крај се претвораат во пониски месечни рати за изнајмување.

Дмитриј Колчанов, регионален директор за Европа на Jaguar Land Rover, изјави: „Со воведување на новата, 5-годишна гаранција за Jaguar во Европа, дополнително ја демонстрираме нашата посветеност на квалитетот и сигурноста на нашите производи и нашиот фокус кон совршен сервис за клиентите. Нашата идна визија за врвниот луксуз е целосно насочена кон клиентот и тоа треба да значи спокојство за секој што размислува за Jaguar“.

Jaguar F-Pace во победничката боја од Леман во 1988 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Суд во Франкфурт: Возачи на СУВ поскапо се казнуваат за прекршоци

Suzuki двојно го зголемил производството во мај