за

Suzuki двојно го зголемил производството во мај

Марката со суперменското S во маската и натаму покажува дека е отпорна на кризите што ја погодија браншата. Suzuki во мај произвел над 250.000 возила, двојно повеќе од истиот месец лани.

Убедливи бројки за бизнисот на Suzuki, во годината во којашто на чип-кризата ѝ се придружи неизвесност во снабдувањето со делови од добавувачите. Јапонската марка за мај пријави 251.087 произведени возила во фабриките ширум светот. Има раст и за првите пет месеци од годината, со близу 1,3 милион возила и раст од 5,9 проценти.

Сосем различна ситуација во производството и продажбата на Suzuki, од глобалната слика, во уште една предизвикувачка година за браншата. Додека повеќето марки им се посветуваат на своите поскапи модели и во нив ги вградуваат чиповите што на индустријата ѝ стојат на располагање во ограничена количина, Suzuki се покажува многу повеќе вешт во справувањето со ситуацијата и очигледно се соочува со далеку помалку проблеми да најде чипови и да го организира снабдувањето со делови од добавувачите.

Во мај, Suzuki произвел 251.087 автомобили во своите фабрики ширум светот (+205,3%), а во периодот од јануари до мај, вкупно се произведени 1.299.261 возило (+5,9%) во споредба со мај ’21). Од вкупната продукција, 59.318 возила доаѓаат од јапонските фабрики (+5,2%, првпат раст во последните три месеци), додека останатата продукција отпаѓа на фабриките на Suzuki ширум светот. Сосем очекувано, Индија учествува со 164.755 произведени возила. Таму се случува невиден бум, кој во дел сепак се темели и врз фактот што фабриките во Индија лани мируваа долго, под силен удар од пандемијата. Производството во мај е зголемено четирипати. Останатите региони, вклучувајќи ја и унгарската фабрика, што ја покрива цела Европа, исто така имаат раст, со 27.014 произведени возила во мај, за 7,8 проценти повеќе од истиот месец лани.

Продажбата ја потврдува зголемената побарувачка за возила од марката Suzuki. Во мај биле продадени 232.969 возила, за 63,3 проценти повеќе од истиот месец лани. Тоа е првпат по десет месеци, продажбата во светски рамки да постигне раст. Вкупно за петте месеци од 22 се продадени 1.221.389 возила или за 1,2% повеќе.

За глобалниот раст повторно има голема заслуга индискиот пазар, со 128.000 возила и фантастични +379%. Надвор од јапонскиот пазар и Индија, каде што Suzuki практично е домашна марка преку повеќедецениската соработка со Maruti, продажбата исто така бележи раст. Во мај се продадени 63.076 возила, вклучувајќи ја и Европа (+3,3%). Од јануари до мај, продажбата на овие пазари постигнала 318.689 возила, што е раст од 9,7 проценти.

Македонскиот увозник речиси секој месец има по еден новитет во понудата. Во моментов во салонот на Suzuki е изложена новата моделска изведба на Vitara со самополнечки хибриден погон, со 1,5-литарски атмосферски бензинец и електромотор, што во одредени ситуации може и самостојно да го движи возилото.

Продажба на автомобили Suzuki на светскиот пазар во мај 2022

May
2022
(units)
Year-on-Year Year-on-Year Trends Jan.–May
2022
(units)
Year-on-Year Apr.–May
2022
(units)
Year-on-Year
Global sales 232,969 163.3% Up for the first time in ten months 1,221,389 101.2% 463,317 118.4%
Japan sales 41,893 87.5% Down for the 12th consecutive month 240,713 78.9% 83,976 82.7%
Mini vehicles 35,152 87.2% Down for the 12th consecutive month 201,381 79.7% 71,293 85.0%
Standard and
small vehicles
6,741 89.1% Down for the 12th consecutive month 39,332 74.8% 12,683 71.9%
Overseas sales 191,076 201.5% Up for the first time in nine months 980,676 108.8% 379,341 130.9%
India 128,000 379.0% Up for the first time in ten months 661,987 108.4% 254,261 148.8%
Others 63,076 103.3% Up for the 15th consecutive month 318,689 109.7% 125,080 105.3%

 

Suzuki Vitara и S-Cross со целосно хибриден погон со 115 КС

Линк до страницата на македонскиот увозник на Suzuki

Home

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar прв меѓу премиум-марките преоѓа на 5-годишна гаранција

Volvo ќе гради фабрика за електрични автомобили во Словачка