Ексклузивниот F-PACE SVR Edition 1988 е прва серија во ограничен број примероци од спортскиот СУВ, којашто е создадена од одделението за изработка по нарачка SV Bespoke. Вкупно ќе се изработат само 394 примероци.
Примероците од серијата Edition 1988 на Jaguar E-Pace SVR се препознаваат по каросеријата во боја на аметист и со посебен сјаен ефект, по тркалата од 22 инчи во шампањ-златна боја и по деталите на каросеријата и во кабината во сатен-златна боја. Сето тоа е заокружено со плочка преку којашто возилото се идентификува како „One of 394“.
Серијата е изработена во чест на победата на Jaguar XJR-9 LM на 24 часа Леман во 1988 година. Истата инспиација важи и за бројот на примероци во серијата, 394 возила за 394-те извозени кругови на XJR-9 LM на најпознатата тркачка патека во светот.
Откако стартуваше со продажбата во 2019 година, Jaguar F-PACE SVR се докажа на сцената како еден од најдинамичните модели во сегментот, така што преземањето на честа, токму F-Pace да потсети на победата во 1988 година, се совпаѓа со имиџот на моделот. Одделението за специјални нарачки SV Bespoke првпат работеше на F-Pace. Британците очекуваат дека тоа ќе биде најценетиот F-PACE SVR досега.
F-PACE SVR е најмоќниот СУВ на Jaguar. Моторот е 5,0-литарски V8 со компресорско натполнење и 550 КС. Спринтот до темпо сто трае четири секунди, крајната брзина изнесува 286 km/h.
Цената на специјалниот модел во Британија изнесува 101.550 фунти.
One Comment
ОдговориOne Ping
Pingback:Jaguar F-Pace во победничката боја од Леман во 1988 година | Блог на порталот за автомобилизам Automedia.mk