Сé повеќе напредува електромобилноста во земјата на Готлиб Дајмлер, Карл Бенц и Николаус Ото. Во првите пет месеци од 2022 година, продадени се вкупно 135.029 автомобили со чисто електричен погон. Тоа се повеќе од 13 проценти удел.
ЕУ вчера изгласа забрана за продажба на автомобили со бензински или дизел мотор најдоцна до 2035 година. Одлуката нема да изненади никого, а очигледно и купувачите не се противат на идејата да возат на електрична енергија. Најголемиот автомобилски пазар во Европа, а воедно и најголем пазар за електрични автомобили, Германија, во минатиот месец регистрирала близу 30.000 нови автомобили со 100% погон на струја.
Вистинскиот обем на продажбата на овие автомобили се согледува кога ќе се спореди со продажбата на автомобили со дизел мотор. Педантната германска статистика открива дека во мај во земјата биле регистрирани 42.000 нови автомобили со дизел мотор. Нема да мине долго време додека електричните го преземат и ова водство.
Високите субвенции за модели со приклучен хибриден погон постигнуваат нивната продажба и натаму да се движи на споредливо високо ниво. Хибридите со можност за надворешно полнење на батеријата, во мај постигнале 23.209 продажби на пазарот.
Од електричната Opel Corsa-e во минатиот месец се продадени 1.889 примероци, повеќе од кој било друг од околу 70-те модели со погон на струја што им стојат на располагање на возачките и возачите. Втори се Volkswagen ID.4 и неговата купе-СУВ изведба ID.5, кои заедно постигнале 1.849 продажби. Огромни симпатии освојува електричниот Fiat New 500, со 1.834 примероци во мај. Голема е изедначеноста меѓу трите најпопуларни модели.
Opel Corsa-e вози рели-куп во Германија
Разликата со четвртиот најпродаван модел на струја е веќе позабележлива. Volkswagen ID.3 во мај имал 1.356 примероци. Веднаш потоа следи најевтиниот модел на струја, Dacia Spring, со 1.326 примероци и субвенција од преку 9.000 евра, исто колку за поскапите модели.
Во периодот од јануари до мај, сепак е најпродавана Tesla Model 3, со преку 10.000 возила. Продажните бројки, односно испораките, тука осцилираат многу и зависат од пристигањето на бродските контингенти од САД и од Кина. За петте месеци, повеќе импресионира успехот на Fiat New 500, којшто има постигнато околу 8.300 продажби. Мајската шампионка, Opel Corsa-e, пак се држи одлично, со преку 5.000 продадени примероци. Темпото го држи и Opel Mokka-e, со 2.159 продадени примероци, на 21-то место.
Најпродавани модели со електричен погон во Германија во мај 2022
Марка и модел | Maj 2022 | Јан – Мај 2022 |
TESLA MODEL 3 | 181 | 10,037 |
FIAT 500 | 1,834 | 8,305 |
HYUNDAI KONA | 1,323 | 6,345 |
VOLKSWAGEN ID.4, ID.5 | 1,849 | 5,618 |
TESLA MODEL Y | 112 | 5,314 |
BMW I3 | 451 | 5,181 |
OPEL CORSA | 1,889 | 5,030 |
RENAULT ZOE | 839 | 4,974 |
SKODA ENYAQ | 1,173 | 4,796 |
SMART FORTWO | 1,135 | 4,742 |
AUDI E-TRON | 1,147 | 4,559 |
VOLKSWAGEN ID.3 | 1,356 | 4,464 |
HYUNDAI IONIQ5 | 1,043 | 4,107 |
MINI | 970 | 3,984 |
VOLKSWAGEN UP | 1,123 | 3,719 |
RENAULT TWINGO | 989 | 3,694 |
AUDI Q4 | 914 | 3,441 |
PEUGEOT 208 | 756 | 2,900 |
DACIA SPRING | 1,326 | 2,898 |
KIA NIRO | 452 | 2,399 |
OPEL MOKKA | 288 | 2,159 |
SMART FORFOUR | 140 | 2,148 |
MERCEDES GLB | 472 | 2,042 |
POLESTAR 2 | 454 | 2,019 |
MERCEDES EQA | 461 | 1,970 |
CITROEN C4 | 555 | 1,821 |
PEUGEOT 2008 | 292 | 1,769 |
NISSAN LEAF | 307 | 1,720 |
FORD MUSTANG MACH-E | 334 | 1,710 |
KIA EV6 | 409 | 1,690 |
PORSCHE TAYCAN | 387 | 1,576 |
CUPRA BORN | 835 | 1,522 |
BMW X3 | 304 | 1,445 |
BMW IX | 311 | 1,316 |
MERCEDES EQS | 179 | 1,172 |
BMW 4ER | 277 | 1,115 |
MERCEDES EQC | 131 | 981 |
AUDI E-TRON GT | 227 | 975 |
MG ZS | 218 | 974 |
MERCEDES EQE | 470 | 833 |
HYUNDAI IONIQ | 85 | 741 |
VOLVO XC40 | 50 | 678 |
KIA SOUL | 101 | 609 |
MERCEDES EQV | 125 | 570 |
MAZDA MX-30 | 82 | 537 |
HONDA E | 93 | 384 |
OPEL COMBO | 35 | 327 |
CITROEN BERLINGO | 55 | 280 |
VOLVO C40 | 11 | 231 |
MERCEDES E-VITO | 43 | 218 |
OPEL ZAFIRA LIFE | 30 | 204 |
PEUGEOT RIFTER | 23 | 176 |
MG MARVEL | 38 | 146 |
JAGUAR I-PACE | 22 | 134 |
SSANGYONG KORANDO | 9 | 118 |
MG 5 | 54 | 105 |
VOLKSWAGEN TRANSPORTER | 19 | 86 |
TOYOTA PROACE | 5 | 63 |
PEUGEOT EXPERT | 12 | 58 |
NISSAN NV200 | 22 | 56 |
CITROEN DS3 | 1 | 54 |
CITROEN JUMPY | 1 | 38 |
RENAULT MEGANE | 3 | 34 |
SEAT MII | 2 | 29 |
VOLKSWAGEN ID. BUZZ | 15 | 15 |
VOLKSWAGEN CRAFTER | 6 | 14 |
CITROEN ULYSSE | 8 | 9 |
One Comment
ОдговориOne Ping
Pingback:Opel Corsa-e најпродаван електричен автомобил во Германија | Блог на порталот за автомобилизам Automedia.mk