за

Суд во Франкфурт: Возачи на СУВ поскапо се казнуваат за прекршоци

Општинскиот суд во Франкфурт одлучил да изрече повисока казна за една возачка што поминала на црвено светло, затоа што возела СУВ.

Кога со СУВ ќе се помине на црвено светло, под одредени околности може да се смета дека ќе следи повисока парична казна отколку за останатите возачи. Така одлучи Општинскиот суд во германскиот град Франкфурт.

Во конкретниот случај, жената поминала со својот СУВ-автомобил по 1,1 секунда откако се вклучило црвеното светло на семафорот и продолжила да се движи по крстосницата. Притоа возилото го снимиле камерите за надзор на сообраќајот. Според одлуката на Судот, пред црвената фаза има жолта фаза во времетрање од точно три секунди. Вообичаената казна за таков вид прекршок, според каталогот на парични казни изнесува 200 евра, впишување два негативни бода и еден месец забрана за управување со моторно возило.

Судиите ја зголемиле паричната казна на 350 евра, образложувајќи го тој чекор со претходните прекршоци, што возачката ги направила во сообраќајот (Пречекорување на дозволената брзина надвор од град за 23 km/h, користење телефон при воздење и минување на црвено светло со електричен велосипед – сето тоа само во 2020 година).

Уште една причина за повишената казна е тоа што при возењето СУВ се создава „зголемена опасност“. Правоаглестата конструкција на каросеријата и високиот преден дел, поради зголеменото растојание од подлогата, ја зголемуваат опасноста од повреда на останатите учесници во сообраќајот. На возачката ѝ била изречена и едномесечна забрана за возење. Одлуката уште не е правосилна.

Германија: Казна за паркирање на тротоар 100€, пред полнач 55€

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Forte четврта година победува со квалитетот според JD Power

Jaguar прв меѓу премиум-марките преоѓа на 5-годишна гаранција