за

Kia Forte четврта година победува со квалитетот според JD Power

Агенцијата JD Power редовно ги анкетира сопствениците на нови автомобили во САД, за квалитетот во првите години по купувањето. Kia Forte победува рутински во класата.

Тоа што големите СУВ-модели и лимузини на Kia постигнуваат високи места во истражувањето на квалитетот на возилата во првите години по испораката, помалку е значајно од тоа што Kia Forte, како еден од најдостапните модели на марката, исто така се докажува со квалитетот.

Во најновото истражување на квалитетот на возилата од страна на JD Power, победата меѓу моделите од компакт класата четврта година во низа ѝ припаѓа на Kia Forte. Уште пет модели на Kia што се продаваат на северноамериканскиот пазар – Carnival, K5, Rio, Sportage и Telluride – сите се наоѓаат на второто место во категориите во коишто припаѓаат.

„Со толкав број модели на Kia што се рангирани први или втори во своите сегменти, нема сомнежи дека квалитетот, изработката и вниманието во детали се составен дел од секое возило што го произведува Kia – без разлика на сегментот,“ изјави Шон Јун, претседател и извршен директор на Kia за Северна Америка.

Истражувањето на JD Power се темели врз одговорите од 84.165 сопственици на нови автомобили. Вкупно се опфатени 189 модели од 26 сегменти. Сопствениците ги оценувале своите возила повикувајќи се на искуството во возењето, моторот, менувалот, перформансите, но и на забелешките за евентуални пропусти или неисправности.

Kia Forte е глобален модел на корејската марка и во голем дел се потпира врз платформата од европскиот Kia Ceed.

Тест · Kia Ceed 1.5 GT Line · Ги враќа симпатиите во компакт-класата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW си откупува назад акции вредни 2 милијарди евра

Суд во Франкфурт: Возачи на СУВ поскапо се казнуваат за прекршоци