Единствената германска марка во концернот Stellantis со неговите 11 марки, Opel, наскоро почнува соработка со нова креативна агенција. Од 1-ви јануари 2023 година, Jung von Matt Havel ќе биде задолжена за претставувањето на марката од Риселсхајм пред светот.
Соработката на Opel со новата креативна агенција Jung von Matt Havel ги покрива сите прашања во врска со стратешкото поставување на марката и планирањето на кампањите на сите канали за маркетинг. Новата агенција ќе биде задолжена за сите пазари, за марката Opel и за нејзината сестринска марка во Британија, Vauxhall.
Директорот на Opel, Флориан Хуетл, вели „Со Јунг фон Мат во иднина ќе имаме поддршка од една од најкреативните агенции во светот. Посебно нé радува соработката и новиот поттик во натамошното воведување посилни емоции во нашите марки. Уште првите пич-објави нé електризираа“.
Конкурсот за нова агенција беше распишан по редовна постапка, откако истече договорот со претходната партнерска компанија. „McCann ни беше сигурен партнер од 2019 година. Им благодариме на извршниот директор Филип Јан и на неговиот тим за успешната соработка во овие важни времиња – посебно за одликуваните проекти, како тековната кампања за новата Astra Hybrid“, додава првиот човек на Opel, Флориан Хуетл.
Opel е во екот на новото профилирање на марката и на големата офанзива за електрификација. Производителот веќе има 12 модели со електричен и хибриден погон во понуда. Широка е гамата, почнувајќи од квадрициклот Rocks-e, преку Corsa-e и Mokka-e, секако Astra Hybrid, до транспортерот Movano-e.
До 2024 година, целата понуда на Opel ќе вклучува елеткрична верзија во сите моделски серии. По 2028 година, Opel во Европа ќе продава само чисто електрични автомобили.
Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда