за

Возачи на електрична Kia добиваат 500 kWh бесплатна струја за полнење

Американскиот огранок на Kia им подарува 500 киловатчасови струја на купувачите на Niro EV.

Сопствениците на Kia Niro EV можат преку мобилната апликација на Electrify America да наполнат бесплатно 500 kWh енергија во батеријата на својот кросовер. Тоа важи при користење на брзите полначи и дотолку е попривлечно. Kia во Америка веќе има слични кампањи за електричните модели EV6 и Soul EV.

Kia America и Electrify America воспоставија соработка, со којашто на возачите на новата генерација на Kia Niro EV им се подаруваат 500 kWh енергија при полнење на батеријата на брзите полначи на Electrify America ширум земјата. Со оваа енергија, Kia Niro EV може да мине до 1.950 милји, односно околу 3.150 километри.

Со лансирањето на новиот Niro EV, ние ја прошируваме соработката со Electrify America, за на возачите на Niro EV да им овозможиме да ги искусат целосно електричните патувања, со дополнителната предност на брзо полнење на батеријата“, вели Стивен Сентер, извршен оперативен директор на Kia America.

Целосно електричниот Niro EV постигнува досег до 408 километри, со батерија од 64,8 kWh и електромотор од 150 kW (210 КС). Компактниот кросовер располага со технологија за користење брзи полначи со еднонасочна струја. На таков полнач, Kia Niro EV може батеријата да ја наполни од 10 до 80 проценти за помалку од 45 минути. Оваа вредност важи при користење максимална моќност од 85 kW. Опција е топлинска пумпа и грејач на батеријата, што спречува досегот да се смалува при ниски температури, а воедно го скусува и полнењето.

Мрежата од брзи полначи на Electrify America ширум државата опфаќа 800 станици со полначи

Прегледот на мрежата од станици со полначи на Electrify America е достапен преку навигацијата на Kia Niro EV, а користењето на полначите се врши преку мобилна апликација. Возачите ќе треба само еднаш да го внесат кодот за регистрација во системот и понатаму користењето е наједноставно што може, преку сопствениот телематски систем Kia Connect. Бесплатните 500 kWh може да се користат во период до три години.

Рафаел Надал вози електрична Kia EV6

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel ќе снима нови реклами, ја смени агенцијата

Тест · DFSK Glory 500 1.5 CVT · Автомобил за којшто не постои „но“ и „ама“