Мерцедес најиновативна марка, Тесла со најмногу допаѓања во германските медиуми

Мерцедес Вижн Е-Ку-Икс-Икс

Германија е шампионка за статистики и истражувања. Агенција ги броеше допаѓањата и споделувањата на германските друштвени мрежи за 90 марки и фирми.

Иновациите на Мерцедес-Бенц предизвикале 72.349 реакции на друштвените мрежи во првите шест месеци од годинава. Гласникот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе нарача од агенцијата Унисепта да направи истражување за имиџот на автомобилските марки во медиумите.

Мерцедес-Бенц добил најмногу реакции на теми што се поврзани, на пример, со возењето со електричниот студиски автомобил Вижн Е-Ку-Икс-Икс од Ријад до Дубаи без дополнување на батеријата, како и за соработката со ЈДС Девелопмент Груп за проектот со недвижнините во Мајами и за високата ефикасност што со примена на роботи се постигнува во Фактори 56 во Зинделфинген.

На второто место во поглед на иновациите е Тесла, којашто го загуби водството од лани. Производителот од САД во првото полугодие предизвикал 15.257 реакции на друштвените мрежи на теми поврзани со техниката. Третото место му припаѓа на Фолксваген (14.950), следат Порше (13.404) и БМВ (12.680).

Во вкупниот број на реакции предводи Тесла

Така покажува најновото рангирање на иновативноста, со нагласок на техничките иновации. Агенцијата Унисепта го спроведе истражувањето по екклузивен налог на Аутомобилвохе, гласило на германската автомобилска индустрија.

Истражувањето го опфати мерењето на имиџот на иновативност на 90 производители на автомобили и добавувачи во германските онлајн-медиуми, како и на Икс и Јутјуб во првото полугодие. Решавачко влијание имаше бројот на реакции на корисниците, како коментари, допаѓања и споделувања.

Доколку општо се оценуваат иновациите, излегува друга слика: Тесла е во голема предност со 1,76 милион реакции на корисниците, пред Фолксваген (1,07 милион), БМВ (554.000) и Мерцедес (546.000).

Во споредба со првото полугодие лани, корисниците повеќе реагираат: По секој производител во Топ 10 доаѓаат во просек по 545.000 реакции на корисниците. Во првите шест месеци лани имало 360.000 реакции.

Во германските медиуми најмногу се посветува внимание на една тема: „Во целина, голем удел во објавите имаат негативните движења на пазарот на електрични автомобили, како најголема и најактуелна тема од иновациите“, кажува Силке Нелих, од огранокот за мобилност во Унисепта. Ехото на медиумите главно е критичко и од компаниите се очекува да го земат тоа предвид во своите планови.

Тоа не изненадува, затоа што напредокот во електромобилноста е далеку под очекувањата. Наглото укинување на државната субвенција пред завршетокот на минатата година предизвика масовни реакации во земјата во изминатите месеци. Во првата половина од 2024 година се продадени за шестина помалку електрични автомобили од истиот период лани.

Тоа ги погодува производителите, а посебно Тесла. Со 21.250 регистрации во првото полугодие (-41,6%), Тесла е меѓу најголемите губитници, иако во медиумите води во поглед на иновативноста.

Претходна објаваРејнџ Ровер Спорт СВ во специјална серија, гумите држат до 1,2г
Следна објаваСестринска марка на Волво полни батерија за 10 минути, на полнач од 800 киловати

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here