за , ,

Mercedes GLC: Што сé умее новото подвозје на теренецот од класата C

Со комплетно ново подвозје, Mercedes GLC го надминува не само претходникот, туку и конкурентите во премиум сегментот. Како единствен модел со опција за пневматска амортизација, GLC поставува нови стандарди во комфорот.

Mercedes има нова „ѕвезда“ во средната класа на спортски теренци. Пред два дена беше официјално претставен новиот GLC, како наследник на претходникот GLK, со изобилство од технички новитети. Техничарите на марката со сребрената ѕвезда се погрижија комфорот да го подигнат на уште повисоко ниво, без жртвување на агилноста и динамиката во возењето. За тоа во голема мера придонесува преоѓањето од водење на предните тркала со четири место со три водилки и поголемата димензија на бандажите, со големина до 20 инчи. Дополнително е оптимирана и еластокинематиката и со примена на бројни алуминиумски компоненти за предната и за задната оска со пет водилки е намалена тежината.

Приказ на избраната програма на системот Dynamic Select, при возење по тежок терен
Приказ на избраната програма на системот Dynamic Select, при возење по тежок терен

Mercedes GLC доаѓа стандардно со подвозје со челични пружини и селективна амортизација, којашто по желба на возачот може да се префрли во спортска, комфорна или теренска програма. Втората опција е спортско подвозје, со покрути пружини и намалено наведнување, во комбинација со каросериски пакет од AMG. Трета можност е теренскиот пакет кај GLC 350 e 4Matic, со 20 милиметри зголемено растојание од подлогата.

Три возила во едно со пневматската амортизација: Спортско, комфорно, теренско

Најголемата сензација во подвозјето на новиот Mercedes GLC сепак е можноста за доплата за повеќекоморна пневматска амортизација Air Body Control и електронски регулирана работа на амортизацијата ADS Plus. Теренецот на база на класата C е единствен теренски модел во средната класа што е достапен со пневматска амортизација. Оваа конфигурација се одликува со врвна стабилност и спортска агилност, во комбинација со максимален комфор, но и одлични својства при теренско возење.

Пневматската амортизација на предната и задната оска поседува повеќе комори, коишто се активираат и деактивираат преку магнетски вентили, зависно од условите во возењето. На тој начин се постигнуваат повеќе степени на стегнатост на подвозјето, од комфорно и меко, до спортски тврдо подвозје. Air Body Control автоматски го избира соодветното дотерување според тековните условите на возење за само неколку милисекунди.

[quote_box_left]За најдобро да се разбере како функционира системот, може да се замисли дека возилото има различни сетови пружини за секоја можна ситуација во возењето. Според тоа, Air Body Control се „пружините“ на GLC, коишто реагираат на нерамнините во подлогата, додека вториот систем, ADS Plus, практично се „амортизерите“ на GLK, коишто спречуваат „пружините“ да продолжат да осцилираат по примањето на ударите од подлогата и да го пренесат тоа движење врз каросеријата.[/quote_box_left]

Слично се случува и со приспособливата амортизација ADS Plus, којашто работи безстепено и го приспособува придушувањето според ситуацијата во возењето. Целта на поврзувањето на двата система во еден и екстремно брзата работа во интервали од 60 милисекунди е да се постигне висока динамика во возењето, без намалување на комфорот. Доколку возачот во моментот го има избрано комфорниот модус, при избегнување ненадејна пречка на патот, амортизацијата се скрутува за миг, спречувајќи губење на стабилноста на возилото. Следни предности на Air Body Control сe намалувањето на наведнувањето во свијоци, автоматското регулирање на висината на подвозјето на обете оски и спуштањето на задниот дел за 40 милиметри, за полесно товарање.

Генијална комбинација: DYNAMIC SELECT и AIR BODY CONTROL

Со системот за возна динамика Dynamic Select се избираат неколку модуси на работа на повеќе подрачја на возилото. Во модусот Sport+, подвозјето се спушта за 15 милиметри и се скрутува, при што патниците се чувствуваат како во спортско возило. Спротивно е во модусот Comfort, со нагласено мека амортизација. Доколку возилото дополнитело поседува и технички пакет за терен, пневматската амортизација Air Body Control овозможува растојанието од подлогата да се зголеми за 50 милиметри, на 227 милиметри – тоа е рекорд во класата. Притоа, во комбинација со меката амортизација, тркалата подолго го задржуваат контактот со теренот, со што се зголемува пробивноста по истиот.

Mercedes-Benz GLC (X 253) 2015Новиот Mercedes GLC стандардно се испорачува со системот за возна динамика Dynamic Select со пет програми: Eco – за штедливо возење со прекунување на погонската спрега меѓу моторот и менувачот при секое отпуштање гас помошен дисплеј, Comfort – со комфорна амортизација и штедлива работа на погонската спрега, Sport – со подиректна реакција на моторот, менувачот и управувањето, односно спортско подвозје во комбинација со Air Body Control и ADS Plus, со спуштање на подвозјето за 15 милиметри, Sport+ – со уште подиректна реакција на подвозјето, за зголемена стабилност и исто така спуштање на подвозјето, и последната, Individual – со можност возачот сам да состави програма, комбинирајќи меѓу Comfort, Sport и Eco. Секоја програма се прикажува соодветно на средишниот дисплеј.

Искачување како вистински теренец со пакетот техника за терен

Со изборот на дополнителниот пакет со техника за терен и во комбинација со пневматска амортизација, GLC добива значително зголемена проодност по теренот. Во тој случај стојат на располагање пет програми: Лизгаво, приколка, терен, нагорнина и одзаглавување.

Одделно за секоја програма:

Mercedes GLCТерен – полесен терен, како шумски патишта, макадам или песок, со зголемување на висината за 15 милиметри

Нагорнина – се зголемува способноста за искачување, висината се зголемува за 15 милиметри

Одзаглавување – за извлекување заглавено возило, со зголемување на висината за 50 милиметри и специјална програма на работа на контролата на тракцијата, активна до 20 km/h.

Лизгаво – совршено за лизгава подлога, како кал, влажна трева или снег и мраз, како и за возење со синџири за снег

Приколка – го олеснува маневрирањето во отежнати услови, на пример на влажна трева или на рампа за спуштање чамец

Во пакетот техника за терен спаѓа и цврста заштита на подвозјето од Gemtex, познат уште од претходникот, како и систем за контрола на брзината при спуштање по остра надолнина, при што возачот ја избира брзината преку темпоматот и системот понатаму ја презема контролата, ослободувајќи го возачот од потреба од притискање на педалот. Сите анимации на теренското возење се прикажуваат на средишниот дисплеј во реално време, вклучувајќи нагорнина, странично наведнување, завртување на тркалата, компас или вклучена програма на пневматската суспензија.

Деветстепен автоматски менувач како стандард во Mercedes GLC

Развојните техничари ги преработеа постојаниот погон на сите тркала 4Matic и автоматскиот менувач 9G-Tronic. За разлика од претходно, едностепениот разделник повеќе не е вграден во менувачот, туку е прирабен на 9G-Tronic како посебен систем. Тоа овозможи искористување на предностите на обата концепта и подобрување на ефикасноста. Новата погонска спрега ги има истите компактни димензии, располага со блокада од 50 њутнмери и преку планетарен диференцијал го распределува вртежниот момент меѓу обете оски во сооднос 45:55.

Mercedes-Benz GLC (X 253) 2015Предностите од раздвојувањето на обата система се во можноста да се користи различно масло, специфично за условите на работа, заради намалување на абењето и триењето, како и намалената тежина за 12 килограми, задржувајќи го магнезиумското куќиште на 9G-Tronic.

Mercedes веќе ги објави и цените на доплатите за овие системи за германскиот пазар. Пневматската амортизација Air Bory Control чини  2.261 евра, спортското подвозје 404,60 евра – воедно дел од пакетот AMG Line Exterieur за 2.737 евра, пакетот техника за терен чини 702,10 евра, додека пакетот за каросерија во теренски стил чини 1.071 евра. Продажбата на новиот Mercedes GLC на европскиот пазар стартува веќе во средината на септември, паралелно со светската премиера на салонот во Франкфурт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat го прекина производството поради штрајк на добавувачот на седишта

Најголемата летна бесмислица: Како најбрзо да го изладите автомобилот