Новитетот во понудата од СУВ-модели на Mercedes беше најавен уште со Concept GLB на салонот во Шангај пред два месеци. Со можност за седум седишта, Mercedes GLB ја има вистинската големина за новата конкуренција, но има и јасна врска со легендата G-Modell.
Tеренците на Mercedes постигнуваат одлична продажба за марката, а сега уште повеќе. Новиот „G-Modell“ е позициониран во празнината што постоеше меѓу кросоверот GLA и СУВ-моделот во гамата на C-Class. Тоа што посебно го издвојува новиот GLB е робусниот изглед, кој сосем јасно влече корени од легендарниот G-Modell. Нараснатите димензии во однос на GLA создадоа простор за вградување трет ред седишта по желба.
https://photos.app.goo.gl/R9h1y52dnxCVb5hg9
Каросеријата е долга 4,64 метри, широка 1,84 и висока 1,66 метар. Меѓуоскиното растојание од 2,83 метри е за десет сантиметри подолго во споредба со ванот B-Class, кој исто така ја користи платформата од A-Class. Багажникот стандардно нуди 560 литри во изведбата со пет седишта, а по соборувањето следат 1.755 литри, што е на исто рамниште со комби од средна класа. За средната клупа да лизга 14 сантиметри по должина е потребна доплата, додека местењето на клупата по агол е стандард.
Секој трет продаден Mercedes е СУВ-модел, а секој четврти автомобил е од компакт класата; Mercedes GLB ги има сите предуслови да стане бестселер на марката
Осмиот модел во гамата компактни модели на Mercedes ќе пристига од фабриката во Мексико, а посебно за кинескиот пазар ќе се произведува во Пекинг. Продажбата во Германија започнува кон крајот на годинава.
Колку што се издвојува дизајнот на каросеријата во стил на G-Class, толку има посебен печат и во изгледот на кокпитот. Целата арматурна табла изгледа како да е од едно парче дел и само визуелно е поделена на возачка и совозачка страна. Двојниот дисплеј пред возачот е веќе вообичаена слика во Mercedes, Секако дека и ракувањето MBUX не смее да отсуствува. Нов детал е држачот пред совозачот, во стил на класичните теренци.
https://photos.app.goo.gl/qT1KtBYnswaCP6dm8
Траги од старите теренци се препознаваат и во хоризонталната положба на рачките во вратите. Диодни светла со повеќе снопови се достапни како опција. Изведбите на Mercedes GLB со погон 4Matic стандардно се опремени со теренски пакет. Во комбинација со ЛЕД-светлата со повеќе снопови, во тој случај се постигнува мошне ефикасно осветлување на теренот.
https://photos.app.goo.gl/EvQGPoLSm2VxVAJC9
Системите за асистенција ги користат придобивките од подобрената работа на камерите и радарите, кои ја следат ситуацијата и до 500 метри пред возилото. Во одредени услови се овозможува и делумно автопилотирано возење. Со користење на информациите од навигацијата, радарскиот темпомат самостојно подзабавува пред свијоци, што дополнително го растоварува возачот и овозможува покомфорно возење.
https://photos.app.goo.gl/CuiqtJQvSH5ceoGX8
Со доплата е достапна и приспособлива амортизација, со којашто може да се избира меѓу комфорна работа на подвозјето или повеќе спортски нагласок. Нова занимација на експертите за комфор во Mercedes е функцијата Energizing, којашто соодветно ги приспособува светлата во кабината, комфорните системи во возилото и музиката, но и масажата во седиштата, во зависност од програмата што ќе се избере.
Повеќе нагласок е ставен на теренските способности на Mercedes GLB
Суштинскиот квалитет на GLB е во нагласокот на теренските способности, доколку се избере варијанта 4Matic. Во тој случај, возачот има на располагање три режими на работа на погонската спрега. Распределбата на вртежниот момент меѓу двете оски се врши во сооднос 80:20 во режим Еко/Комфор. Кога ќе се избере спортски режим распределбата се менува на 70:30. Третиот режим е теренски, при што распределбата се „заклучува“ на сооднос 50:50 меѓу двете оски.
https://photos.app.goo.gl/UN9DoZ5uruaaQYa27
Меѓу компонентите на 4Matic спаѓаат пренос до задната оска кој е интегриран во менувачот со двојна спојка, како и заден диференцијал со интегрирана ламеласта спојка. Ламелите се отвораат или затвораат под дејство на електромотор. Во посебен пакет за теренско возење се добива и анимација на моментната положба на возилото на терен, како странично навалување или степен на нагорнина.
Понудата од погонски единици почнува со бензинецот од 1,33 литар во GLB 200, со моќност од 163 КС и исклучување на цилиндрите заради заштеда на гориво. Дволитарец со 224 КС работи во GLB 250 4Matic, чијашто посебност е двостепениот од на вшмукувачките вентили преку системот Camtronic.
Дволитарскиот дизел во GLB 200 d и во GLB 220 d поседува надграден систем за пречистување на издувните гасови и ги исполнува нормите што ќе почнат да важат во 2020 година.
Основни технички податоци за Mercedes GLB:
|
|
GLB 200 |
GLB 250 4MATIC |
|
Менувач |
7G-DCT |
8G-DCT |
|
Зафатнина (cm³) |
1.332 |
1.991 |
|
Моќност (kW/КС) |
120/163 |
165/224 |
|
при (1/min) |
5.500 |
5.800 |
|
Вртежен момент (Nm) |
250 |
350 |
|
при (1/min) |
1.620 – 4.000 |
1.800 – 4.000 |
|
Потрошувачка (l/100 km) |
6,2-6,0 |
7,4-7,2 |
|
CO2 (g/km) |
142-137 |
169-165 |
|
0-100 km/h (s) |
9,1 |
6,9 |
|
Крајна брзина (km/h) |
207 |
236 |
|
|
GLB 200 d |
GLB 200 d 4MATIC |
GLB 220 d 4MATIC |
|
Менувач |
8G-DCT |
8G-DCT |
8G-DCT |
|
Зафатнина (cm³) |
1.951 |
1.951 |
1.951 |
|
Моќност (kW/КС) |
110/150 |
110/150 |
140/190 |
|
при (1/min) |
3.400 – 4.440 |
3.400 – 4.440 |
3.800 |
|
Вртежен момент (Nm) |
320 |
320 |
400 |
|
при (1/min) |
1.400 – 2.600 |
1.400 – 2.600 |
1.600 – 2.400 |
|
Потрошувачка (l/100 km) |
5,0-4,9 |
5,5-5,2 |
5,5-5,2 |
|
CO2 (g/km) |
133-129 |
144-136 |
146-138 |
|
0-100 km/h (s) |
9,0 |
9,3 |
7,6 |
|
Крајна брзина (km/h) |
204 |
201 |
217 |
https://photos.app.goo.gl/WuKWWYaa52S7Kna6A
https://photos.app.goo.gl/3CQSkGaguu25ehAs8
Mercedes-AMG CLA 35: Комби жолто како завист, со 306 КС
Пет милиони примероци од Mercedes A-Class од фабриката во Раштат
Лимузинскиот Mercedes A-Class пристигна во Мак Аутостар
Топ 10 Најдобри дизајни на Mercedes во избор на Славче Таневски
















