Возачите во градскиот превоз во времињата на пандемијата се важна работна сила. Без нив не би можел да се одвива јавниот превоз. Но, тие се изложени на зголемена опасност од заразување од вирусот, поради контактот со голем број лица. За возачите да се заштитат, Mercedes конструираше посебна заштитна врата за возачите, со преграден панел, наменета за градските автобуси Citaro.
Патниците во градскиот превоз во Германија, од 27-ми април мораат да носат заштита на лицето. Во меѓувреме се изнајдоа неколку решенија за возачите да се заштитат, но тоа се само привремени решенија. Mercedes за таа цел разви преграден панел од безбедносно стакло, со ширина од 78 и висина од 140 сантиметри, кој го покрива делот околу возачкото место. Се изработува и изведба со отвор за издавање карти.
Почнувајќи од 2011 година, Citaro досега се има испорачано во триесетина илјади примероци, кои се во секојдневна примена во европските градови и ширум светот.
https://photos.app.goo.gl/wrNdB4AS5pK3QdjG8

















