Mercedes-Benz G-Class достигна 500.000 произведени примероци

Голема прослава за голем модел во историјата на автомобилите. Во фабриката во Грац, Австрија, произведен е 500.000-от примерок од легендарниот Mercedes-Benz G-Class.

Многукратно одликуван за „најдобар теренски автомобил во светот“, пра-теренецот Mercedes-Benz G-Class пишува успешно поглавје уште од 1979 година. Geländewagen, германската кованица за теренско возило, од каде што произлегува и „G“ во G-Class, го должи својот успех на единствениот спој од препознатлив изглед и врвна пробивност по терен. Кругот на обожуватели на G-Class постојано се зголемува.

Славеничкото возило потсеќа на корените на иконскиот теренец. Како пример за уникатот изработен за оваа пригода, земен е старинскиот изглед на 280 GE од 1986 година. Од него потекнуваа бојата на каросеријата и шарата на облогата на седиштата. Mercedes-Benz в година ќе одбележи 45-годишнина на својот G-Class, и во таа чест ќе претстави нова генерација на моделот. Но, сé останува по „старо“, а тоа значи дека продолжува техничкиот развој, без притоа да се менува карактерот на возилото.

„Сакаме по повод прославата за 500.000-от примерок да им заблагодариме на нашите верни клиенти и долгогодишни фанови, како и на нашите вработени и на нашиот партнер за производство Magna Steyr во Грац… со целосно електричната G-Class, што ќе стартува во 2024 година и ќе ги помести границите во подрачејто на теренското возење, со голема надеж гледаме во иднината на иконата меѓу теренските автомобили,“ изјави др. Емерих Шилер, директор на Mercedes-Benz G GmbH и надлежен за сите теренски возила на Mercedes-Benz AG

Зелената боја на агава, растение што обично се среќава во Мексико, беше меѓу првите достапни бои за G-Class пред повеќе од 40 години

Освен бојата, уште бројни детали земаат пример од историскиот 280 GE. Тоа важи за трепкачите, коишто кај уникатот се во портокалова боја, потоа за поклопецот на резервното тркало, на коешто е значително поголем знакот на Mercedes во споредба со дешните модели, исто и натписот на моделот на задната врата и тркалата со 5 краци во стерлинг-сребрена боја.

Средината на седиштата на 500-илјадитиот примерок е обложена со каро-штоф по пример на 280 GE. Натписот „No. 500.000“ на држачот пред совозачот е во агава зелена боја. Копчето во рачките на вратите, место во сребрена изведба, тука е финиширано во црна боја.

G-Class е меѓу најстарите моделски серии на Mercedes-Benz, покрај S- и E-Class

Во пролетта 1979 година, можеше да се избира меѓу четири погонски единици, со моќност меѓу 72 и 150 КС. Во понуда беа уште кабриолет со скусено меѓуоскино растојание и товарна-изведба во две должини. Од некогашното работно возило, G-Class прерасна во престижен објект.

Карактерот на моделот не се смени до денес: Погон на сите тркала, диференцијали со 100% блокада и цврста носечка рамка. Истото важи за тркалезните предни светла и за „закаченото“ резервно тркало на задната врата што се отвора странично.

Актуелниот модел имаше премиера на салонот во Детроит во 2018 година и беше најголем технолошки скок во историјата на моделот. Голема промена претрпе подвозјето, коешто работи покомфорно и овозможува поголема возна динамика, без притоа да се изгубат врвните теренски својства.

Електричниот Mercedes G-Class доаѓа со револуционерна батерија

Мотото на денешната G-Class гласи „Stronger Than Time“, и тоа ќе важи и во иднина. Во 2024 година, заедно со моделите со мотор со внатрешно согорување ќе почне да се произведува и целосно електрична изведба. Се најавува голем скок во теренските способности. Секое тркало ќе располага со сопствен електромотор. Во исто време, батеријата вградена во носечката рамка ќе обезбеди значително пониско тежиште.

Претходна објаваГерманската економија ќе заштеди 950 милиони евра ако ја ограничи брзината на автопат
Следна објаваНе е BMW Isetta, туку е Microlino и вози на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here