Германската економија ќе заштеди 950 милиони евра ако ја ограничи брзината на автопат

За животната средина помалку да трпи од сообраќајот, првата мерка што се презема е ограничување на брзината. Во Германија веќе подолго време е тема воведувањето брзински лимит на светски прочуената мрежа од автопатишта во земјата. Студија открива дека и економијата би заштедила близу 1 милијарда евра, доколку се вози побавно по аутобанот.

Германското министерство за животна средина неодамна излезе со пресметка, дека воведувањето брзинско ограничување на автопатите на 120 и на споредните патишта на 80 километри на час, би ја поштедило животната средина од осум милиони тони СО2 на годишно ниво.

Прашањето дали да се воведе брзински лимит по аутобанот почнува да ги засега и економите во земјата. Доколку Германија ја ограничи брзината на 130 километри на час, државата би заштедила најмалку 950 милиони евра годишно. Тоа го покажа студијата направена од германско-шведска група истражувачи и објавена во тематскиот журнал „Ecological Economics“.

Во вкупната сума влегува и износот што произлегува само од позитивниот ефект од брзинското ограничување врз животната средина, но во неа се вклучени и други чинители. Околу една третина од вкупната заштеда отпаѓа на придобивките што се постигнуваат преку пониската емисија на СО2. Повеќе од две третини отпаѓаат на придобивки за целото општество. Како пример се наведуваат пониските трошоци за дистрибуција на стоки, но и заштедите што ќе се постигнат во инфраструктурата. Други истражувања имаат покажано дека преку намалувањето на брзината ќе се постигне и повеќе изедначена брзина меѓу возилата, што би резултирало во зголемување на сообраќајниот тек.

Доколку се издвојат позитивните придодивки од пониската емисија на СО2, заштедата би изнесувала околу 660 милиони евра годишно.

Истражувачите користеле податоци што се достапни за јавноста и извршиле анализа на трошоците и користа. Тие направиле споредба меѓу штетата и користа, за на крајот да се покаже дека од ограничувањето на брзината произлегуваат значајни придобивки за општеството. Пресметката ги опфатила и времетраењето на патувањето, потрошувачката на гориво, изградбата на патишта и нивното одржување, како и незгодите.

Но, доколку се исклучи користа за заедницата во целина, и се бараат придобивките за секоја возачка и секој возач одделно, тогаш придобивката и штетата, на пример, во изгубено време, заштеда во гориво или помали оштетувања при судир, речиси се совпаѓаат. Според тоа, користа од брзинското ограничување, на возачите нема да им донесе ниту корист, ниту штета.

Зошто би се лажеле дека токму автопатот ќе биде нормален?

Претходна објаваJaguar Land Rover се преименува во JLR, се состои од 4 подмарки
Следна објаваMercedes-Benz G-Class достигна 500.000 произведени примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here