Mercedes-AMG го тестира новото C 63 Coupe на Хокенхајмринг

Како што наближува премиерата на новото купе на база на класата C, неговата екстремна варијанта од AMG ги привршува тестирањата на патеката Хокенхајмринг. Се вози со 510 КС.

Mercedes-AMG го привршува тестирањето на идниот C 63 Coupe на тркачката патека Хокенхајмринг. Екстремната верзија на купето ќе вози со четирилитарски V8 со битурбо натполнење од Mercedes-AMG GT и ќе поседува значително модифицирано подвозје во споредба со стандардната варијанта, чијашто премиера исто така се очекува на салонот во Франкфурт во септември.

Во посилната верзија со ознака S се очекуваат 510 КС од четирилитарскиот битурбо V8 преземен од суперспортскиот AMG GT
Во посилната верзија со ознака S се очекуваат 510 КС од четирилитарскиот битурбо V8 преземен од суперспортскиот AMG GT

Вообичаено, спортскиот болид ќе се нуди во две верзии. Во посилната верзија со ознака S се очекуваат 510 КС. Наспроти стандардната изведба на купето, верзијата AMG ќе има различни странични панели на каросеријата, екстремно проширени крила и нова форма на хаубата со грпки. Формата на задните светла потсеќа на суперспортскиот AMG GT. За купувачите што сметаат дека AMG C63 им е премногу екстремен, Mercedes го нуди C 450 AMG Coupe со трилитарски V6 со турбонатполнење.

mercedes-amg c 63 coupe

Претходна објаваРекордна казна од 105 милиони долари за Fiat Chrysler во САД
Следна објаваОлдтајмер свеж од салон: Morgan AR Plus 4 за 65-годишнината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here