за

Рекордна казна од 105 милиони долари за Fiat Chrysler во САД

Италијанско-американскиот производител ќе плати парична казна во висина од 105 милиони долари. Тоа е највисока казна што во САД е изречена за производител на автомобили.

Автомобилскиот производител Fiat Chrysler ќе мора да му плати 105 милиони долари на американското министерство за сообраќај, поради пропустите направени при сервисните акции за поправка на дефектните возила. Американските власти го обвинија Fiat Chrysler дека задоцнето реагирал со сервисните повици за проблематичните возила. Покрај тоа, италијанско американскиот производител ќе мора да ги откупи од сегашните сопственици сите возила во кои се вградени дефектните делови и во кои постои опасност возачот да ја изгуби контролата во текот на возењето. На крај, Fiat Chrysler ќе мора да постави и контролор избран од министерството за безбедност во сообраќајот.

Станува збор за најголемата парична казна што досега е изречена од американските власти. Автомобилскиот гигант повлече повеќе милиони возила во сервисните работилници, заради отстранување на дефектите. Но, тоа не е крај за проблемите на концернот на Серџо Маркијоне. Двајца хакери неодамна го пробија кодот на Jeep и ја презедоа контролата врз возилото. Тоа значи нови милиони возила во сервис, заради обновување на софтверот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Apple се интересира за каросеријата на електричниот BMW i3

Mercedes-AMG го тестира новото C 63 Coupe на Хокенхајмринг