за

Патики AMG се вистинското нешто за возачите на спортската марка на Mercedes

Колекција од патики во ограничена серија, именувана Santoni for AMG, во чест на 55-годишнината на Mercedes-AMG.

По повод 55 години постоење на Mercedes-AMG, италијанската мануфактура за обувки и кожени проиизводи Santoni, понуди колекција што ќе се изработи во ограничен број примероци. Женски и машки модели на Boot, Sneaker и Raceboxer , ќе се понудат во само 55 пара од секој модел.

На вкупно шесте модели на патики за жени и мажи се наоѓа логото „55 years“, во знак на јубилејот на Mercedes-AMG. Тоа што патиките се изработени во црна, сива, бела и црвена боја, заедно со впечатливо поставено лого AMG, укажува на поврзаноста со спортската марка на Mercedes-Benz Group AG.

Колекцијата Santoni for AMG ги соединува светот на перформансите и луксузот на Mercedes-AMG со занаетчиската вештина и дизајнерската способност на Santoni. Соработката започна уште одамна, со спортските обувки што се наменети за користење на трка, но и за слободно време, вклучувајќи и одобрение од FIA.

Посебно историско парче на Сантони e унисекс-моделот Raceboxer. Високите патики со врвки се спој меѓу боксерски и возачки патики, достапни во две варијанти на бои. Тие се изработени во стилот на првиот модел Santoni for AMG од 2007 година. Патиките се одобрени од FIA и може да се користат и на трка.

Сникерски со врвки во три верзии на бои и полувисоки Boots исто така се во знак на соработката меѓу Mercedes-AMG и Santoni. Овој модел се опишува дека има изненадувачки и смел дизајн, заедно со занаетчиски квалитет на изработка. Овие модели се достапни само преку Santoni Online Boutique.

Santoni е основана во 1975 во Коридонија, во срцето на квартот на чевларите во италијанскиот регион Марке.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Mercedes-AMG SL во салонот на Мак Аутостар е речиси национален празник

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot во Германија со 1.200 евра ваучер за гориво

Франција ги трга куќарките за патарина, наплатата електронски