Турбината во Mercedes-AMG работи на струја

Турбината во Mercedes-AMG работи на струја
Турбината во Mercedes-AMG работи на струја

Mercedes-AMG разви електричен турбополнач што во иднина ќе почне да се вградува во сериски модел. Технологијата е развиена во соработка со Garrett Motion и потекнува директно од Формула 1. Новиот турбополнач го надминува класичниот конфликт на комбинацијата од мала турбина, што почнува да работи при ниски вртежи, но само малку придоенсува за зголемување на моќноста, и голема турбина што произведува висок притисок на натполнење и голема моќност, но затоа почнува да работи дури при повисоки вртежи.

Малечок електромотор е вграден директно на вратилото на компресорот, меѓу турбината на страната на издувот и компресорот на страната кадешто се вшмукува свеж воздух. Електромоторот е широк само четири сантиметри и има задача да го задвижи компресорот, уште пред моторот да постигне повисоки вртежи. Со примената на електрика во турбополначот се подобрува повлекувањето уште при најниски вртежи, но профитира и ослободувањето на моќноста на моторот во целото работно подрачје.

Технологијата на електричниот турбокомпресор е во состојба да го одржува притисокот на натполнење дури и кога возачот ќе го отпушти гасот или сопира. На тој начин се овозможува моторот да повлече моќно и без доцнење веднаш по притискањето врз гасот – прочуените рели-возачи своевремено за тоа ја користеа техниката „прсти-пета“.

Според Mercedes-AMG, турбополначот работи до 170.000 вртежи/min. Електричната енергија за напојување на електромоторот доаѓа од 48-волтната мрежа. Компресорот, електромоторот и трафо-секцијата се приклучени директно на системот за ладење на моторот.

https://photos.app.goo.gl/VZoaG4oczGCJWqtN8

Претходна објаваЕдинствено кинескиот автомобилски пазар со раст во мај
Следна објаваSeat ја основаше марката за микромобилност Mo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here