за

Mercedes воведува трета смена за Vito и V-Class

Продажбата на доставни возила е во раст и тоа се огледува и во одлуката на Mercedes да ги прошири своите производствени капацитети во Шпанија. Дополнително се воведува и трета смена за Vito и V-Class.

Mercedes ги проширува производствените капацитети за доставниот Vito и неговиот луксузен брат V-Class во фабриката во Виторија, Шпанија. Пазарот на доставни возила бележи значаен пораст во последниве години и Mercedes сега реагира соодветно на зголемената побарувачка. Инвестицијата во главната производствена локација на глобално ниво за вановите од средната класа за оваа година ќе се искачи на 41 милион евра, наспроти ланските 14 милиони евра. Најголемиот дел од инвестицијата оди во проширување на каросериското одделение, лакирницата и монтажата. По овие модификации, во октомври ќе биде воведена и трета работна смена во фабриката во Виторија.

Mercedes во првиот квартал од годинава продаде 76.600 транспортери, што е за една петина повеќе во споредба со истиот период лани. Најголем раст постигнуваат токму Vito и луксузната V-Class, со којашто постепено се врзува прекарот „S-Class меѓу транспортерите“. Продажбата на Vito  во првото тромесечје се зголеми за 61 проценти, на 21.300 примероци, додека ванот V-Class достигна 9.300 примероци или 58 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi outlander phev

Следниот Mitsubishi Outlander PHEV пристига во 2019 година

Електричниот Renault Zoe добива варијанта со досег до 350 километри