По мобилните, сега е ред очилата да се поврзат со автомобилите. Само прашање на време е кога и домашниот компјутер ќе се поврзе. Mercedes исто така е активен во Силиконската Долина.
Инженерите на Mercedes во истражувачкиот центар во Силиконската Долина активно работат на поврзување на очилата Google Glass со навигацијата на автомобилот. Со очилата за пренос на податоци ќе се овозможи, на пример, при престој во непознат град лесно да се најде патот до паркираниот автомобил. Податоците за навигација ќе се прикажуваат во очилата.
Другите производители исто така експериментираат со новата техника. Hyundai најави дека идната генерација на Genesis ќе се поврзува со очилата на Google. Калифорнискиот електро специјалист Tesla веќе има развиено апликација за поврзување на неговите возила со очилата за пренос на податоци.
Информациите се прикажуваат директно во видното поле. Очилата во основа ќе претставуваат проширување на кокпитот во возилото, на пример еден вид проекциски дисплеј. Користењето на очилата зад воланот предизвика бројни контроверзи, поради тоа што експертите се сомневаат дека прикажаните информации може да го одвлекуваат вниманието на возачот.
Според најавите од развојното студио на Mercedes, следниот чекор ќе биде поврзување на автомобилот со таблетот или со домашниот компјутер.