Јапонска мини офанзива: Suzuki Celerio ќе биде новиот Alto

Suzuki ќе ја прошири понудата со малечок автомобил позицониран меѓу Alto и Swift. Продажбата стартува во втората половина на годината, европската премиера е следниот месец во Женева.

Јапонскиот специјалист за мини и теренци ќе воведе трет модел во својата понуда на малечки автомобили. Азиската верзија на моделот Celerio штотуку доживеа премиера на салонот во Њу Делхи, а во следниот месец ќе следува и европската варијанта на салонот во Женева. Новиот модел има поголема кабина и поголем багажник во споредба со познатиот Alto, но ќе има класичен концепт и со тоа ќе се разликува од вановскиот Splash.

Suzuki Celerio_2

Производителот најавува значително подобрена штедливост во споредба со познатите модели – иако ниската потрошувачка е едно од клучните обележја на мини моделите на Suzuki. Деталите околу техниката и цените на моделот ќе бидат објавени дури по салонот. Продажбата треба да стартува во втората половина од 2014. Иако концепцијата на Celerio и Alto е слична, во почетокот обата модела ќе останат во понудата. Истото важи со SX4 S-Cross, чиј што директен претходник и натаму е присутен во моделската понуда како евтина алтернатива.

Изгледот и техниката на европскиот Celerio ќе се разликуваат од верзијата за азискиот пазар. Производството на обете варијанти во почетокот ќе се одвива во Индија, исто како кај Alto. Celerio е развиен како глобален автомобил и ќе биде присутен на повеќето пазари во Европа и Азија.

Претходна објаваBMW X3: Фејслифт и нов дволитарски дизел
Следна објаваMercedes ќе ги интегрира очилата на Google во своите модели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here