Во септември се продадоа 211.286 возила од Mercedes, што е месечен рекорд во историјата на марката. Рекорден беше и целиот квартал. Најголем поттик за продажбата пристига од теренците на Mercedes, како и од новата E-Class.
На Mercedes му успеа хет-трик. За септември, за третиот квартал и за првите девет месеци од оваа година, марката од Штутгарт постигна три историски рекорди. Во септември се продадоа 211.286 возила од Mercedes, што е за 12 проценти повеќе од ланскиот месец, во периодот од јули до септември се продадоа 531.302 возила, додека бројката сметано од почетокот на годинава веќе надминува 1,5 милион возила (+11,7%). Mercedes е водечка престижна марка во Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Јапонија, Тајван, САД, Канада и Мексико.
Во минатиот месец стартуваше продажбата на комби-изведбата од E-Class, на продолжената верзија од E-Class, на кабриолетот од C-Class, како и на GLC Coupe. Пазарот реагира одлично на новата E-Class, со 27.955 продадени примероци во септември или за една петина повеќе отколку во истиот месец лани. Стартуваше и продажбата на плагин-хибридот E 350 e, којшто е седми модел со штедливиот погон во понудата на Mercedes.
Теренците за само девет месеци ја достигнаа целата ланска продажба
Теренците во септември достигнаа продажба од 68.197 примероци (+26,8%), односно 520.321 возило од почетокот на годинава. Со фантастичен пораст од +42,2%, теренците за само девет месеци ја достигнаа целата ланска продажба. Mercedes ги нарекува своите теренци „славната седморка“: GLA, GLC, GLE, GLE Coupе, GLS, G-Class и GLC Coupе.
Одлични бројки постигнаа и „Dream Cars“, автомобилите од соништата. За еден месец, Mercedes продаде над 15.000 примероци од своите купеа, родстери и кабриолети. Последното освежување во понудата го носи C-Class Cabrio.
Продажба на Mercedes-Benz Cars
| септември 2016 | промена во % | до септември 2016 | промена во % | |
| Mercedes-Benz | 211.286 | +12,1 | 1.537.921 | +11,7 |
| smart | 13.987 | +36,5 | 105.695 | +20,1 |
| Mercedes-Benz Cars | 225.273 | +13,4 | 1.643.616 | +12,2 |
| Продажба на Mercedes-Benz по региони / пазари | ||||
| Европа | 98.877 | +15,0 | 669.257 | +12,7 |
| – Германија | 27.640 | +17,1 | 218.469 | +8,6 |
| Азија / Пацифик | 72.670 | +15,9 | 537.755 | +20,5 |
| – Јапонија | 8.323 | +4,5 | 50.240 | +1,5 |
| – Кина | 46.443 | +20,1 | 344.791 | +29,5 |
| НАФТА | 34.488 | +2,9 | 290.218 | +1,2 |
| – САД | 29.500 | +1,7 | 249.204 | -0,3 |
















