Швабите инвестираа преку една милијарда евра во фабриката во Бремен за подготовка на производството на новиот модел. По шест месеци, класата С ќе се произведува на вкупно четири континенти.
Во фабриката на Mercedes во Бремен денес започна производството на новиот модел од средната класа. Од сите генерации на класата С се продадоа повеќе од 8,5 милиони примероци. Од оваа година моделот за прв пат ќе се произведува на четири континенти: Во матичната фабрика на моделот во Бремен, во Ист Лондон (Јужна Африка), Пекинг (Кина) и Таскалуза (САД). Во следните шест месеци сите четири фабрики ќе почнат со производство на моделот. Глобалната инвестиција во производството на класата С надминува две милијарди евра.

Вкупно осум моделски се произведуваат во Бремен
Производството на автомобили во Бремен трае 75 години, од кои 35 години се во производство на модели на Mercedes. Со 12.700 вработени лица, фабриката е најголем приватен работодавач во регионот. Моментно се произведуваат осум модели: Лимузината, купето и комбито од класата С, купето и кабриолетот од класата Е, компактниот теренец GLK, како и родстерите SLK и SL. Во 2012 година таму се произведоа преку 316.000 возила.