Можеби Турција во меѓувреме произведува повеќе автомобили од нив, но Италијанците не се предаваат кога станува збор за суперавтомобили. Mazzanti Automobili во моментов е најсилен италијански болид што смее да носи табличка.
Кога Ferrari, Lamborghini и Maserati се недоволно силни, Италијанците имаат и следно ниво на суперавтомобили, кај Pagani. Но, кога и Pagani ќе стане недоволно силен, тогаш има уште една адреса за посета. Фирмата Mazzanti Automobili веќе неколку години го нуди Evantra V8 како алтернатива за „стандардната“ понуда на италијанските одгледувачници на спортски болиди. На салонот во Торино, фирмата го прикажа прототиот Evantra Millecavalli и како што кажува името, тука стојат на располагање точно 1.000 КС.
И „стандардната“ Evantra не е за занемарување
Болидот не случајно поседува воинствен изглед, затоа што каросеријата мора да се спротивстави на енормна моќ, за Evantra да остане наземи. За разлика од стандардната верзија на Evantra со седумлитарски V8, со 751 КС и 860 њутнметри, осумцилиндарецот во прототипот Evantra Millecavalli располага со 7,2 литри и со двојно турбонатполнење постигнува 1000 КС и 1.200 њутнметри. Спринтот до сто трае 2,7 секунди, а крајната брзина е над 400 километри на час.
Најсилниот италијански автомобил што смее да носи регистерска табличка
За енормната моќ да се држи под контрола, соодветно е преработено и подвозјето. Тратата е прошитена за 10 сантиметри, а зад тркалата работат сопирачки клешти од Brembo и дискови од карбон-керамика. Бандажите не може да бидат други освен од OZ, а гумите Pirelli, конкретно P Trofeo R. Со овие модификации, болидот од 1,3 тон запира од 300 километри на час за само седум секунди.
Серијата ќе биде ограничена на 25 примероци, но не и цената. Најмалку еден милион евра за примерок.
[FAG id=24825]
















