Добро извежбана каросерија на овој Audi A6 Avant

Работилницата за каросериски тјунинг Prior Design ја брани честа на својата специјалност со оваа екстраширока верзија на Audi A6 Avant. Ваквите интервенции ретко успеваат во последно време, но тука нема утка.

Овој Audi A6 Avant или уште подобро RS6 Avant не може да мине незабележано. Куќните дизајнери во последниве години не им оставија многу простор за работа на каросериските тјунери и исклучок е да се појави креација што од прва ќе легне на око. Тоа им успеа на специјалистите од Prior Design со пакетов што се води како ‚PD-600R Widebody Aerodynamic Kit‘, изработен од дурафлекс зајакнат со фиберглас. Целта со овој материјал е да се постигне спој на издржливост и флексибилност, а како што ветуваат германските тјунери, површината може едноставно да се лакира и да се користи за особено скапи финиши.

Каросерискиот кит се состои од преден браник и спојлер, заден браник со дифузор, проширени прагови, спојлер на задниот капак и впечатливо проширените крила, коишто на каросеријата и додаваат осум сантиметри напред и десет сантиметри назад.

На истата адреса се нудат и двоен спортски издув од благороден челик, триделни ковани бандажи со пречник до 23 инчи и ширина по желба на клиентот, а секако и спортско подвозје во повеќе варијанти.

[FAG id=24833]

Претходна објаваMazzanti Evantra „со илјада коњски сили“
Следна објаваPeugeot 3008 GT: Карактер на теренец, дух на спортски компакт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here