за

Mazda ја зголемува продукцијата на моторите Skyactiv

Поради големата побарувачка на пазарот за модели со моторите од генерацијата Skyactiv, јапонската марка ја зголемува продукцијата за 25 проценти, на 800.000 мотори годишно.

Пазарот покажа голем интерес за моторите од новата генерација Skyactiv на Mazda. Како резултат од големата побарувачка, Mazda ќе ја зголеми продукцијата на овие мотори во матичната фабрика во Хирошина за една четвртина. До крајот на следната година, капацитетот ќе се зголеми од сегашните 800.000 на еден милион погонски единици годишно, а дополнително ќе се зголеми и флексибилноста на производството.

Во рамките на проширувањето на погоните е предвидено поставување на нова и флексибилна производствена лента во фабриката. Лентите што досега се користеа за моторите MZR ќе се приспособат да ги прифатат и новите мотори Skyactiv. Семејството на овие мотори ги опфаќа бензинските Skyactiv-G и дизелските Skyactiv-D, кои што ќе се произведуваат паралелно на една лента.

Зголемувањето на продукцијата е важен чекор во планот за експанзија на Mazda. До 2016 година јапонската марка има поставено цел да ја зголеми продукцијата на возила на 1,7 милион, од кои што 80 проценти ќе ги користат моторите со новата технологија. Освен во Хирошима овие мотори од јуни 2013 година се произведуваат и во фабриката Changan Ford Mazda Engine во Кина, а од следната пролет ќе почне нивното производство и во новата фабрика на Mazda во Мексико.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Производител против држава: Mercedes победи во спорот со Франција

Infiniti Q30 е јапонскиот одговор на класата A на Mercedes