Infiniti Q30 е јапонскиот одговор на класата A на Mercedes

Благородната марка на Nissan планира да ги испроба своите сили и на европскиот пазар. За таа цел го пласира Q30 како конкурент на европските премиум компакти.

Infiniti ги објави првите фотографии од концептот Q30 кој ќе доживее светска премиера на салонот во Франкфурт и претставува следен чекор во плановите на марката да се етаблира на стариот континент. Дизајнот на Q30 цели на новата генерација на купувачи на модели од премиум марките и настапува со иновативни материјали, прецизна изработка и нови пристапи во сегментот на компактите од премиум сегментот.

Во изгледот на идниот компакт на Infiniti се препознаваат елементи од купе, комбилимузина и кросовер, кои се споени во хармонична целина. Според стратезите на марката, Q30 ќе ги привлекува помладите купувачи кои бараат алтернатива на традиционалните премиум компакти. Тие се убедени дека спојот на динамичен дизајн со спортска нота на купе, просторност на комбилимузина и висока става на кросовер ќе наидат на позитивна реакција кај овие купувачи.

Претходна објаваMazda ја зголемува продукцијата на моторите Skyactiv
Следна објаваНовиот Audi Q7 доаѓа во 2015 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here